Временска прогноза
Сончеви периоди претпадне, додека попладне променливо облачно на места нестабилно со пороен дожд и засилен ветер
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8
Од недела до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Кичево1 ден
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (22 април)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Прва фотографија од превој „Пресека“ према Охрид, алармантно!
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Спорт2 дена
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
-
Автомобили2 дена
Дали знаете за што служи рачката во автомобилот?
-
Македонија20 часа
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Автомобили1 ден
„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..