Следете не

Македонија

Сообраќај во прекин на регионалниот пат с.Галичник – Маврово поради изведување градежни работи, детали..

Објавено пред

на

ЈП Македонија Пат подружница Скопје почнувајќи од 14.08.2020 год.ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 с.Галичник – Маврово. Асфалтирањето ќе се одвива во правец од с.Галичник према Маврово.

Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 – 16:00 часот при што сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

/АМСМ

Македонија

Сообраќајот кон Охрид, Кичево се одвива редовно и нормално по влажни коловози

Објавено пред

на

Проодноста на патните правци по врнежите од снег

РЦУК – Тетово, известува дека по извршените контакти со одговорните лица од ЕЛС, Полициските станици и од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта добиена е информација дека во поголемиот дел од Северозападниот регион, Тетово и Гостивар, состојбата со локалните и регионалните патни правци е редовна.
Во Тетовскиот реон, на повисоките населени места по коловозите има остатоци од снег кои го отежнуваат сообраќајот и за движење по истите потребна е зимска опрема. Патниот правец с.Стенче – с.Гургурница (опш.Брвеница) е прооден, а истиот го расчитувала екипа од ЕЛС од утринските часови. Истата екипа сеуште е на терен поради тоа што во тој реон има појава на силни ветрови кои би можеле да нанесат навеви од снег на коловозот. И патните правци кои водат до високопланинските села од Општина Тетово се проодни. Сообраќајот се одвива во зимски услови.
Во општина Маврово-Ростуше, на некои места има наврнато и околу 80 см снег. Паднати биле десетина дрвја кои го попречуваа сообраќајот. Екипа од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта со моторна пила од утринските часови е на терен и постапно ги сече и одстранува паднатите дрвја. Паните правци моментално се чистат по приоритет. Возило од Македонија пат моментално почнува со чистење на патот околу Мавровско езеро од кај страната на Бунец. Поради големите наноси на снег се очекува чистењето на патиштата да потрае подолго време. По извршениот контакт со одговорното лице од ЕЛС Маврово добиена е информација дека во најголем дел локалните патни правци се проодни. Проблеми има во Мавровскиот дел додека во Ростушкиот не се забележани проблеми и таму количината на паднат снег е драстично помала.

РЦУК – Скопје, известува дека според добиените информации од контакт лицата во општините во скопскиот регион, во планинските делови во општините Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково има остатоци од кашест снег кој се топи, патиштата се проодни и нема никаков застој во одвивање на сообраќајот во тие делови.

РЦУК – Велес, известува дека во општина Кавадарци на повисоките места има снег и тоа: на Витачот има 25 сантиметри и кај Михајлово 50 самтиметри. Според известувањето од ТППЕ Кавадарци, кај излетничкото место Михајлово има 3 пожарникари со 1 теренско возило и со 2 моторни пили кои одстрануваат гранки од дрвја. На расчистување на патот работат екипи ангажирани од ЕЛС Кавадарци, и од 09:30 часот, патот за Михајлово е прооден по 1 лента, а се работи и на целосно расчистување.
Во општините Велес, Свети Николе и Неготино има врнежи од дожд и патните правци се проодни.

РЦУК – Битола, известува во општина Битола, се работи на расчистување на патниот правец кон Хотел „Молика“ и Ски центарот Ниже Поле. Останатите патни правци во општините Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево се проодни.

РЦУК – Струмица, известува дека во општина Гевгелија, на патниот правец Гевгелија – с.Фурка има одрон на патот и на расчистување на истиот работат од ЈП за одпжување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Останатите патни правци во општините Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија и Дојран) се проодни.

РЦУК – Охрид, известува дека во општините Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Дождот кој во моментов е активен во регионот го стопи снегот на патиштата и нема проблеми во сообраќајот.

РЦУК – Куманово, известува дека во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. Засега немаат информации за непроодни локални патни правци во планинските места.

РЦУК – Штип, известува дека во општините Штип, Кочани, Пробиштип, Делчево, Македонска Каменица, Берово и Виница, сите патни правци се проодни, а сообраќајот се одвива тековно во зимски услови и по влажни коловози.

АМСМ известува дека на ден 01.12.2024 година, вo 07:50 часот, на магистралниот пат А2 Охрид – Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно, сообраќајот за Тешки товарни возила e нормализиран.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.

Од УХМР во 08:30 часот добиени се следните информации:

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за 24 часа, до 07:00 часот (во l/m2):
127 Демир Капија; 96 Попова Шапка; 81 Гевгелија; 79 Кавадарци; 69 Прилеп; 61 Битола; 55 Пожаране; 52 Струмица; 48 Скопје-Петровец; 43 Штип; 42 Маврови Анови; 39 Куманово; 35 Претор; 34 Берово; 33 Тетово; 29 Скопје-Зајчев Рид; 27 Дебар; 25 Велес; 18 Охрид, Виница; 15 Крива Паланка.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07:00 часот (во сm):
61 Маврови Анови; 44 Крушево, Попова Шапка; 15 Дебар; 14 Претор; 7 Берово; 4 Битола.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Извор: ЦУК

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР приведе четири лица, посредувале при вршење проституција и перење пари

Објавено пред

на

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при ОСОСК на МВР, во соработка со надлежен јавен обвинител и истражители од Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчеравечер (30.11.)  реализираа случај во којшто од слобода се лишени четири лица. Имено, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела – „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“ приведени се лицата Д.Ј.Н.М. (34), М.М. (57) и С.Д. (47), додека пак четвртоосомничениот Н.М. (23) за кривичното дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Според досегашните сознанија, во периодот од декември 2023 година наваму првоосомничената, инаку бразилска државјанка, со дозвола за привремен престој во РСМ, заедно со второ и трето осомничените – македонски државјани, како и со две неидентификувани лица од Р.Португалија, од користољубие со умисла  организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил. Тие, во посочениот период, заради вршење на проституција, во РСМ, прифатиле пет бразилки од 26 до 38 години кои ги сместувале во претходно изнајмени станови во Скопје, во комплексот „Џевахир Холдинг“. Девојките во двата стана каде што биле сместувани давале сексуални услуги на клиенти кои со нив стапувале во контакт преку меѓународна веб страна наменета за понуда на ескорт девојки во цела Европа.  На страницата девојките имале креирани еден или повеќе профили на кои биле постирани телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги и фотографии со експлицитна содржина. Првоосомничената ги контролирала профилите на девојките, контактирала со потенцијалните клиенти: го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка; го определувала времетраењето на давање на услугите кои се движеле од 150 евра за половина час; 200 евра еден час; 300 евра два часа; 450 евра за три часа и 800 евра за цела ноќ за сексуални услуги; одобрувала дополнителни услуги за клиентите кои чинеле од 70 евра и повеќе; и гарантирала за безбедноста на девојките. За нејзиниот ангажман добивала 30% од заработувачката на девојките што ја делела со второ и третоосомничениот кои пак организирале прифаќање, превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките.

Со намера да го прикрие вистинскиот извор, локацијата, понатамошниот тек и вистинските сопственици на паричните средства стекнати со вршење на кривично дело „Посредување при вршење на проституција“,  првоосомничената дел од паричните средства преку систем за електронски трансфер на пари за територијата на РСМ ги уплаќала, во износ од 26.151 евра, кон четири лица во Португалија и три лица во Бразил. Второосомничениот пак, во два наврати дел од паричните средства стекнати од претходно сторено кривично дело во износ од 3.000 УСД ги уплатил кон едно лице во Норвешка, а во повеќе наврати извршувал готовински исплати на парични средства во износи од 440 евра по основ на закупнина за становите, а направил и повеќе готовински исплати на парични средства за различни сопствени потреби и потреби на девојките. Третоосомничениот преку субагент за трансфер на пари износ од 1.965 евра испратил на првоосомничената на нејзина сметка во Португалија, а 150 евра испратил кон физичко лице во Колумбија.

Четвртоосомничениот пак, кој во повеќе наврати бил корисник на сексуални услуги од една од девојките, дури и со одобрување на првоосомничената и со паричен надоместок од најмалку 5000 евра по патување, што и било исплаќано на првоосомничената, бил придружуван од девојката при неговите патувања во Рим и Лондон.  Откако ја стекнал довербата на девојката, со цел да ги пушти во оптек и да го прикрие потеклото на паричните средства што девојката ги прибавила со извршување на казнивото дело „Оддавање на проституција“ по чл.19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ѝ креирал кориснички профил на веб платформа за тргување со електронски пари (крипто валути) иако знаел дека парите девојката ги прибавила со казниво дело. Преку профилот и со поседување на електронски паричник (wallet), девојката непречено можела да врши трансакции и да го прикрие изворот на паричните средства.

Инаку, врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во рамки на активностите за расчистување и документирање на случајот, полициски службеници на подрачјето на Скопје и Куманово извршија  пет претреси во дом и други простории кај пријавените лица. Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се 10 мобилни телефонски апарати, седум СИМ картички, лаптоп, огнено оружје (два пиштоли), одредена сума на девизни и денарски парични средства (2480 евра, 20 фунти, 27.100 денари), разна документација (шест потврди за брз трансфер на пари, договор за закуп на стан, четири банкарски картички) и друго.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

Речиси сите планински превои се под снежни наноси, издадена забрана за тешки товарни возила

Објавено пред

на

АМСМ предмалку истакна ново известување и тоа гласи:

Поради снежни врнежи има забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Маврово, Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, Плетвар и Барбарос.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (3 декември)

ОВЕН Доколку во последно време ви недостига енергија и мотивација, денес треба да размислите за вежбање или физичка работа и...

Кичево5 часа

Во сабота е првата проба на најмилите дечиња за кичевската „Бадникова поворка 2025“, нека биде до сега најголема, а сите дечиња гласно да го опеат Христовото Рождество!

Како и секоја година со исклучок на пандемијата, така и оваа по 13-ти пат под раководство на г-дин Бошко Сарафилоски,...

Временска прогноза5 часа

Долгорочна временска анализа: Месец декември ни носи чести врнежи од снег и дожд, а ќе биде постудено од ланска година!

Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го...

Занимливости8 часа

Искористете го силниот момент на Биткоин и започнете да заработувате дневен профит

Со оглед на неодамнешниот пораст на биткоинот, платформата „BCHMiner“ претставува атрактивна можност за оние кои сакаат да заработат преку т.н....

Спорт9 часа

Комисијата за натпревари одлучи следните две кола да се одиграат без публика

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност...

Магазин13 часа

Дали оставањето на полначот во штекер троши струја? Конечно решение за оваа навика

Дали полначот вклучен во штекерот троши струја кога не полни телефон? Ако често го оставате полначот постојано приклучен, не сте...

Магазин13 часа

Instagram: Ресетирајте ја вашата содржина

Instagram воведува нова опција за ресетирање на препораките за содржина. Instagram моментално тестира нова функција што им овозможува на корисниците...

Магазин13 часа

Snapdragon 8 Elite Gen 2: До 20% подобри перформанси со новата 3nm технологија

Qualcomm ја подготвува следната генерација на својот водечки мобилен процесор, Snapdragon 8 Elite Gen 2, кој ветува значителен скок во...

Магазин13 часа

Nvidia GeForce RTX 5000: Новата генерација графички картички пристигнува наскоро

Гејмерите и љубителите на графички картички имаат причина за возбуда: следната генерација на Nvidia GPU, серијата GeForce RTX 5000, е...

Магазин13 часа

Google Play Store зајакнува безбедноста: Нов филтер за почиста и побезбедна платформа

Google Play Store подготвува големо „чистење“ со нови безбедносни мерки кои имаат за цел да ги заштитат своите 2,5 милијарди...

НАЈЧИТАНИ