Македонија Случувања

(ФОТО) Детали од вчерашната сообраќајка на патарина Глумово, во повредените и бебе родено 2017

На 05.09.2017 година во 12,50 часот на Автопатот Мајка Тереза на наплатната рампа Глумово се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо Боксер“ со скопски регистерски таблици управувано од Љ.Б.(40) од Скопје и возило „Фолксваген Шаран“ со албански регистерски таблици, управувано од И.П.(43) од Р.Албанија, а во незгодата бил повреден и Д.П.(47) од Скопје, вработен како референт инкасант во Јавното претпријатие за државни патишта, кој за време на незгодата бил во наплатната кабина во која удрило возилото “Пежо Боксер“.

Од незгодата со повреди се задобиле возачот И.П. и сопатниците во возилото „Фолксваген Шаран“ К.Т.(60), В.А.(23), Џ.Ф.(53), Д.Л.(32) и В.Ј.(21) и едно бебе родено 2017 година сите од Р.Албанија. Тие со возила на брза помош биле пренесени во Ургентниот Центар-Скопје, каде од страна на лекар на шест лица им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош, а по укажаната лекарска помош истите биле пуштени на домашно лекување, додека на сопатникот Д.Л. му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

По незгодата, лицето Д.П. со друго возило се упатил во Поликлиника Ѓорче Петров каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди, а по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.