Кичево Македонија Случувања

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево (во близина на Ново село) сообраќајот е во прекин

Тешка сообраќајна несреќа пред околу еден час се случи кај Ново Село на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на камион и патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистерски таблички, а на самото место се наоѓаат екипи на СВР – Охрид, на Територијалната противпожарна служба и на Службата за итна медицинска помош.

Моментално сообраќајот на патниот правец е во прекин, барем додека не се укаже помош на повредените во несреќата.

Две лица веќе се на пат кон болница.

Нема информации дали во несреќата има смртно настрадани.

МИА