Кичево Случувања

МВР со детали за сопреното возило во Кичево сопственост на Охриѓанец, каде е пронајдена дрога

На 03.07.2018 година во 23.45 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Длапкин дол, полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле преглед на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.П. (39) од Охрид.

При претресот било пронајдено едно најлонско кесе со наркотична дрога марихуана.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а П.П. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Извор: МВР

Close