Македонија
Состојба на патиштата до 13:00ч по врнежите од снег во цела држава
Скопски регион
Сите локални патни правци во Градот Скопје и околината се проодни освен патниот правец кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино (опш.Чучер Сандево ) кој не е прооден а с.Танушевци нема електрична енергија.
Битолски регион
Регионалниот патен правец Крушево – Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема.
Во Општина Долнени не се исчистени патиштата од населените места Маргари, с. Зрзе и Манасторот во с. Зрзе
Охридски регион
Во општина Македонски Брод и Пласница локалните патни правци кон повисоките села – Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица не се проодни.
Во општина Струга, не прооден е патниот правец од с.Присовјани до хидроцентрала Глобочица. Патниот правец за Загрчани, Вишни и Г. Белица не е прооден
Штипски регион
Патните правци во Плачковичкиот регион се тешко проодни.
Тешко проодени се и локалните патни правци за селата Бунеш и Јамиште
Кумановски регион
Во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија – Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во Козјачијата се тешко проодни.
Во општина Липково Во моментот единствен проблем претставуваат патните правци кои гравитираат кон повисоките села: Руница, Гошинце
Во општина Крива Паланка Регионален пат Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште додека од с.Пклиште до с.Герман е непрооден.
Регионалниот патен правец Крива Паланка – с.Огут е прооден за теренски возила. Регионалниот патен правец Крива Паланка – с.Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с. Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с.Дренак е непрооден Отсечено е с.Дренак.
Од Македонија Пат и АМСМ известуваат дека забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Ресен – Битола на планинскиот превој Буково. Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“, патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).
Извор: Центар за управување со кризи
Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Македонија
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година во ловиштата на територија на Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи, истакнаа од Министерството.
Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија19 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза23 часа
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ