Следете не

Свет

Состојба со коронавирусот до 10 часот: Заразени 425.662 луѓе во светот

Avatar

Објавено пред

на

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 425.662 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 18.951, а оздравеле 109.225 лица.

– Во словенечките затвори се воведува нов режим поради коронавирусот.

– Англија и Велс веројатно ќе пуштат времено некои затвореници на слобода за да се спречи ширењето на Ковид-19 во затворите.

– Српскиот министер за здравство Златибор Лончар соопшти дека во Србија е регистриран и четвртиот смртен случај од коронавирус. Станува збор за 60-годишна жена дијабетичар, а на респиратор била од 21 март.

– Прв случај на коронавирус во Либија.

– Американскиот државен секретар Мајк Помпео упати остри критики за кинеското постапување со ширењето на новиот коронавирус, истакнувајќи дека кинеската владејачка Комунистичка партија се уште ги негира податоците потребни за спречување на натамошни случаи на зараза.

– Кина денеска ги укина острите ограничувања воведени пред неколку месеци во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата на новиот коронавирус.

– Американскиот Сенат и Белата куќа договорија пакет помош за американската економија во вредност од два билиона долари поради пандемијата на Ковид-19.

– Калифорниските власти ги повикаа младите да ги почитуваат безбедносните препораки во борбата против коронавирусот, по смртта на млад човек во близина на Лос Анџелес, која е прва позната жртва од Ковид-19 меѓу младите на американска територија.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Свет

Турскиот голман Рушту Речбер е во критична состојба поради Коронавирус, сопругата не почитувала изолација две недели

Avatar

Објавено пред

на

Легендарниот турски голман Рушту Речбер се бори за живот, а турските медиуми прстот во вперија кон неговата сопруга Исил која го заразила сопругот со корона вирус. Исил се вратила во Турција после патување во Соединетите Американски Држави, но ги прекршила прописите за задолжителен двонеделен карантин. Како што пренесува „Милиет“ таа место во карантин, веднаш отишла во својот козметички салон каде покрај сопругот заразила уште неколку лица.

Речбер е примен во болница пред два дена со симптоми на корона вирус, а состојбата нагло му се влошила. Некои медиуми соопштија дека екс-фудбалерот бил ставен и на респиратор.

„Шокирани сме колку бргу се развиваат симптомите на неговата болест“, изјавила Исис која испрати емотивна порака на социјалните мрежи упатена до својот сопруг.

„Вирусот не може да те победи. Не се грижи за мене, јас сум добро. Не ме интересира што ме линчуваат, важно е ти да оздравиш“, порача Исил која исто така изјави дека тестовите покажале дека таа и нејзините деца се негативни на корона вирус.

Речбер е апсолутен рекордер по број на настапи за Турција (124 натпревари) учествуваше на три Европски првенства и на едно Светско.

sportmedia.mk

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Свет

Од ноќеска летно сметање на времето, каде часовникот ќе се помести еден час напред

Avatar

Објавено пред

на

Летното сметање на времето ќе почне ноќеска-недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Владите што планираат трајно да останат во летно сметање на времето треба да ги наместат своите часовници во последната недела во март 2021 година, а оние што го претпочитаат зимското сметање на времето треба да го наместат часовникот на последната недела од октомври 2021 година.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Свет

Скоро 2500 зарезени во Турција, Ковид-19 зема се поголем замав

Avatar

Објавено пред

на

Бројот на починати од последиците од коронавирусот во Турција се искачи на 15 и сега изнесува 59, изјави министерот за здравство, Фахретин Коча.

Тој на Твитер објави дека бројот на инфицирани лица од Ковид-19 се зголемил за 561, што значи дека вкупно 2.433 лица се заразени со новиот коронавирус.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Живот и стилПред 10 часа

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не...

МакедонијаПред 12 часа

Денес ќе биде сончево и ветровито, додека викендов ниски утрински температури, преку денот дожд

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има...

ХороскопПред 13 часа

Дневен Хороскоп (02.04) четврток

ОВЕН Можни се успеси на деловно поле, особено ако планирате некој нов проект. Наскоро ќе повлечете важен потег и ќе...

КичевоПред 16 часа

(ГАЛЕРИЈА) Априлска снежна идила во Кичево, пред полициски час #ОстаниДома

Најавениот снег пристигна и сеуште активно врне во Кичево. Еве една мини-галерија пред „Полициски час“ © Порта.мк Преземањето на авторски...

Здравје и убавинаПред 17 часа

Ноќни грчеви на нозете? Еве што да направите

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека...

МакедонијаПред 24 часа

Последен биланс: Потврдени нови 44 заболени, вкупно 329 лица позитивни на коронавирус – починаа 9 лица

Во деноноќието меѓу 30 и 31 март се потврдени 44 нови случаи на инфицирани со коронавирусот, со што бројот на...

МакедонијаПред 1 ден

Од 06:00ч за превој Стража се воведува забрана за тешки товарни возила

Од 06:00ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. /АМСМ © Порта.мк Преземањето на...

Живот и стилПред 1 ден

Пет начини на кои можете вашето утринско кафе да го направите како здрава опција.

Често се води полемика и се поставува прашањето дали кафето е воопшто здраво. Доколку се придржувате кон одредени правила, таа...

Временска прогнозаПред 2 дена

Најавената прогноза за снег се оствари, прво-априлскиот снег пристига во западниот дел

Моментално се бележи најавениот прво-априлски снег во нашиот регион. На превој Стража и Пресека од извори на терен кои имаат...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес ( 1-ви Април)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

НАЈЧИТАНИ