Следете не

Свет

Состојба во светот со Коронавирусот до 13:00 часот

Avatar

Објавено пред

на

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 89.416, а оздравеле 337.164 луѓе.

– Два дома за нега на стари и изнемоштени лица во Будимпешта се погодени од коронавирусот. Во едниот има преку 100 заразени

– Во Шпанија има пад на дневниот број на смртни случаи во однос на вчера – 683 наспроти вчерашните 767.

– Во Швајцарија во изминатите 24 часа починаа 14 лица, а се заразија 124

– Во Австрија во изминатите 24 часа починаа 22 лица, заразени се 69.

– Индонезија – во еден ден 40 смртни случаи и повеќе од 300 новозаразени. Тоа е најголем пораст на починати од почетокот на епидеммијата во таа држава.

– Во изминатите 24 часа во Романија починаа девет луѓе, а во Полска, Ќешка и Украина – петмина

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Свет

Македонскиот продуцент, кичевчанецот Деан Мицкоски не запира, во соработка со Shawnee Taylor издаде нова трака насловена како „Hand Over Heart“

Avatar

Објавено пред

на

Македонскиот продуцент, кичевчанецот Деан Мицкоски кој живее и работи во USA продолжува со своите фантастични музички остварувања. На наше задоволство во прилог премиерно ви ја најавуваме новата трака „Hand Over Heart“ во соработка со мега популарната Shawnee Taylor која се прослави со нејзиниот долгогодишен легендарен хит „Live Your Life“ со светски познатиот DJ Erick Morillo.

Музичката нумера „Hand Over Heart“ на реномираната музичка платформа „Spotify“ веќе достигна милион прегледи.

 

– Траката е издадена во познатиот „Deep Root Records“, додека Simon Field направи одличен remix, така што чест и задоволство ми е што се остваруваат соработки со врвни музички професионалци како што е Shawnee Taylor, а уште по среќен сум што нашите музички дела бројат милионски прегледи – премиерно за нашиот портал изјави DJ Dean Mickoski директно од New York.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Свет

„Space X“ се одложи поради временските услови, во живо преносот го следеа пола милион луѓе

Avatar

Објавено пред

на

„Space X“, приватна компанија основана од американскиот милијардер Илон Маск, беше принудена да го откаже планираното лансирање ракета во орбита со човечки екипаж, прво по девет години, поради лошите временски услови.

Мисијата Демо-2 во Флорида беше откажана, само 17 минути пред крајот на одбројувањето до полетувањето.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) На Австралија и се заканува бура и невреме кое не се памети последниве години

Avatar

Објавено пред

на

На Австралија во наредните часови ѝ се заканува најсилната бура во последните 10 години.

Се очекуваат обилни дождови, силни ветрови и бранови со висина и до 8 метри, а лошите временски услови се резултат на судир на тропскиот циклон Манга и ладниот фронт, соопштило Бирото за метеорологија.

Тие тврдат дека станува збор за невреме кое се случува еднаш во 10 години, а од жителите е побарано да го осигураат својот имот, пренесува „BBC“.

Се очекува брзината на ветерот да достигне и до 100 km/h со удари до 130 km/h, а во некои делови на Австралија може да падне и до 100 mm дожд.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 2 часа

Сончево и топло со засилен ветер, додека викендот што следи ќе имаме вакво време

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено...

ХороскопПред 4 часа

Хороскоп за денес (04.06) четврток

ОВЕН Може да се надевате на многу позитивни околности кои ќе ви донесат деловен успех. Преку интересната комуникација со личноста...

МакедонијаПред 7 часа

Конечна одлука, полицискиот час се враќа од утре!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, донесени се следниве одлуки со цел брза и...

МакедонијаПред 9 часа

Комисијата предлага полицискиот час да се врати на цела територија од 16:00 часот, додека во некои општини целосен карантин

Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог за повторно враќање на полицискиот час за време на претстојниот продолжен...

КичевоПред 11 час

Кичево вчера: ТППЕ изгаси стан во пламен, додека жител на с.Зајас каснат од куче скитник на ул. 4-ти Јули

На 02.06 2020 година, околу 13 часот, во стан на улицата „Борис Кидриќ“ во Кичево, случен е пожар, кој, со...

МакедонијаПред 12 часа

Денес троцифрен број на заразени од Ковид-19, дури 101, додека оздравени се 10, а починати четири лица

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59,...

Временска прогнозаПред 20 часа

Денес облачно со сончеви периоди претпладне, додека кон крајот на денот ќе имаме локална појава на дожд и грмежи

Времето денес во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека на пладне ќе има извесно зголемување...

КултураПред 21 час

Денес се празнува „Светиот цар Константин и Светата царица Елена“

Според Православниот календар за 2020-то Лето Господово, денес се празнува Христијанскиот празник: „Светиот цар Константин и Светата царица Елена Во...

КичевоПред 1 ден

Доцна ноќва дефект на главна цефка за водовод на ул. „Ужичка“ – Кичево

Вечерва околу 23:40 часот на кичевската ул. „Ужичка Република“ се случило подземен дефект на салонитна цефка која е главна во...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (03.06) среда

Овен Во некои денови од месецот ќе се чувствувате како сите да се против вас, но веќе на 10-ти јуни,...

НАЈЧИТАНИ