Балкан
Снимка од спасувањето на македонските ски туристи во Бугарија (ВИДЕО)
Со успешна и навремена интервенција од страна на спасувачките планински служби во Бугарија, на планината Пирин беа спасени петте македонски сноубордери кои паднале во провалија откако при бордањето излегле надвор од утврдените и пропишани безбедни места за скијање.
Како што се додава, акцијата завршила синоќа околу 21 часот а во неа учествувале десет планински спасувачи. Сите пет македонски граѓани, етнички Албанци, се во добра здравствена состојба.
Сигналот за инцидентот бил пријавен во Горната служба за спасување во Банско во 18 часот.
Операцијата за спасување се одвивала под многу тешки услови. Со помош на јажиња, сноубордерите биле извлечени од бездната. До 21 часот тие веќе беа повлечени на безбедно место.
Видеото од спасувачката акција можете да го погледнете ТУКА.
Балкан
Царинската управа во Србија спречи криумчарење на поголема сума пари, пронајдена во детска чанта и пелени, кажале нема што да пријават..
Царинските службеници на граничниот премин „Градина“ спречија обид за криумчарење на 130.000 евра и 5.500 долари скриени во пакување бебешки пелени, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува, девизниот прекршок бил откриен во возило „Киа“ со странски регистарски таблички што го користело тричлено семејство кое патувало од Австрија кон Бугарија.
Брачен пар кој патувал со двегодишно дете им потврдил на надлежните дека немаат што да пријават, но при детална проверка на багажот било откриено дека има торба со 130.000 евра, како и плик со 5.500 долари пронајден во чантата со детски работи меѓу пелените.
Со оглед на тоа што парите не се пријавени на влез во државата, на патниците веднаш им се вратени по 10.000 евра по лице, а остатокот од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.
Царинската управа уште еднаш потсети дека сите патници, вклучително и оние кои штотуку минуваат низ Србија, треба на влез да пријават која било сума поголема од 10.000 евра, известува Danas.rs
Извор: Danas.rs
Балкан
(ВИДЕО) Свештеникот кој долго ќе се памети за големиот празник „Водици“, ја освети водата и потоа направи гест кој го нема никој до сега направено..
Откако ги изговори молитвите и даде знак на учесниците да тргнат, свештеникот за здравје скокна во осветените води. За сега се уште не се знае од кој дел на Балканот потекнува ова видео, но ги заслужува сите почести.
За многу години, Бог се јави!
Бог се јави!
Ако неко зна у ком месту се ово догодило, нека јави. pic.twitter.com/gVikyMD4bO
— Ледени Гале (@LedeniG) January 19, 2024
Балкан
(ВИДЕО) Потона сплав во Белград, на терен екипи на медицинска помош и полиција
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Култура6 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Lifestyle7 часа
Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“