Кичево
Кичевско: Натпревари во спортски риболов на Осломејско езеро наскоро

Еден од најтрофејните спортски риболовци во земјава и учесник на повеќе меѓународни натпревари, Јане Мојсовски, најави во текот на мај прв меѓународен натпревар во спортски риболов на новооткриениот рибарски рај во земјава, Осломејско Езеро, секако ако се обезбедат услови за такво нешто.
– Во текот на мај планираме првпат на Осломејско Езеро да организираме натпревар од годинашниот календар во спортски риболов. За овој натпревар е потребно организаторот да го уреди поголемиот дел од крајезерскиот појас, за риболовците да имаат оптимални услови за натпреварување и за кампување, бидејќи повеќето од нив во деновите на натпреварот ќе кампуваат покрај самото езеро, што е нивна постојана практика. Според стандардите, за секој натпреварувач е неопходна зона во ширина од 50 метри и токму затоа треба да се уреди дел од крајезерскиот брег во должина од околу 2.000 метри, ако се има предвид дека очекуваме учество на околу 40 спортски риболовци од повеќе клубови од земјава – вели Мојсовски.
Мојсовски има само пофални зборови за убавините на езерото, неговите карактеристики и погодности, почнувајќи од длабочината, бистрината на водата, пристапниот пат и сѐ друго.
– Малку е ако речам дека Осломејско Езеро е од господ подарена убавина. Ретко која акумулација во земјава има толку бистра вода и константен водостој како ова езеро. Оваа акумулација е идеална за крапска риба, а должината на крајезерскиот појас од околу 6.000 метри, максималната длабочина од 40 метри и просечната длабочина од пет до 10 метри, се идеални пропорции за овој вид риба – рече Мојсовски.
На Осломејско Езеро во план е да се одржи и меѓународен риболовен натпревар.
– Покрај домашниот, наша следна цел е да организираме и меѓународен натпревар во спортски риболов, но за тоа е неопходно да се уредат околу 3.000 метри од брегот на езерото, за околу 60 риболовци. Предуслови постојат, но треба да се поработи од страна на домаќинот, за овој езерски бисер да го добие своето место и на меѓународната мапа за овој вид риболов – смета Мојсовски
Текст и Фото: Зоран Антоски
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија18 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза23 часа
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ