Следете не

Без категорија

Спречување злодела со читање на мислите

Објавено пред

на

Тајната на мисловниот процес се обидуваат да ја протолкуваат и умовите  од прочуениот Макс Планк институт.  Екипата во своите испитувања користела скенери со висока резолуција, за да се одреди линијата на активности која подоцна се претвара во јасни мисли и открива што лицето планира да направи.

Се смета дека ова е прв пат научниците да успеваат да читаат мисли на овој начин.
Употребата на скенер овозможува да се види види целиот мозок и прочитаат информации кои гледајќеи однадвор не е можно да се добијат.  “Тоа е како да барате ѕид со рачна лампа на кој ќе запишете информација” коментира Џон Дилан Хијназ од Макс Планк инстирутот за хумана и когнитивна наука во Германија, кој водел истражувања во соработка со колегите од Оксфордскиот и Лондонскиот  уневерзитет.

Во тек на испитувањето, научниците барале од доброволците да се одлучат како  ќе ги соберат или одземат двата броја кои потоа ке ги прикажат на екранот.  Пред да се појават броевите на екранот и овде во испитувањата исто така е користен скенер со техника на магнетна резонанца. Научниците, потоа употребиле програм кој регистрира суптилни разлики во мозокот врз чија основа може да се предвиди намерата на испитаникот со 70 % прецизност.

Испитувањата откриле трагови на активност во еден дел на мозокот кој се вика медијален префронтален кортекс. Повеќето неуробиолози со внимание ги прифаќаат овие резултатаи и сметаат дека сеуште не може да се зборува за читање мисли кај луѓе, но така брзо се напредува и многу брзо ќе може во извесна мера со сигурност да се одреди дали некој  измислува или навистина има намера да изврши некое злодело

Two human in x-ray vision with brain. 10 EPS file with transparency effects and overlapping colors.

Тие се надеваат дека во блиска иднина ќе успеат да развијат систем кој ќе ја анализира мозочната активност, откривајќи планирани злодела пред да бидат сторени.  Напредни верзии би можеле да читаат сложени мисли и да ги издвојат пред особата да стане свесна за тоа.

Научниците уверуваат дека техниката ќе оди понатаму  и ќе има можност да бидат испитани намерите, мислите, надежта и чувствата.  Нешто од ова ќе биде пожелно и ќе помогне во образованието и дијагностицирање но, треба да се размислува за етичките прашања—вели професорот Колин Блекјмор, неуробиолог и директор на Медикал Ричрс Каунсил. Со други зборови, овие техники стануваат стварни и затоа професорот Џон Дилан Хејниз од Макс План институтот укажува на тоа дека се потребни етички оквири за нивна употреба, како не би биле еден ден изненадени што се тие може да направат. “За неколку години тоа ќе дојде, а ние мора да бидеме спремни”, вели тој.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили43 минути

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили50 минути

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза19 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево24 часа

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет1 ден

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Спорт2 дена

КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на...

Автомобили2 дена

„Cupra“ ја најавува светската премиера на новиот „Cupra Formentor“ и новиот „Cupra Leon“

„CUPRA Formentor“ е најпродаваниот модел и најпродаваниот „A-CUV“ во Европа, на врвот на продажната листа со над 120.000 испораки низ...

НАЈЧИТАНИ