Следете не

Македонија

Мајки, татковци, наставници – Среќен почеток на вашите првачиња!

Објавено пред

на

Прв училиштен ден, во многу семејства осамнат низ мала вознемиреност, помешана со радост и исчекување.

На влезната врата од училиштето со второ име Нашето Училиште, сѐ е подготвено за малите првачиња. Ќе ги пречека весела и малку збунета раздвиженост. Детски искрено и можеби срамежливо, ќе си подадат раце некои поранешни и многу нови другарства.

Заедно, како дел од развлечените колони кои првпат денес ќе се направат, ќе ја следат приредбата за добредојде. Потоа, училишното ѕвонче конечно ќе го означи почетокот на првиот час.

По некоја солза ќе светне во очите на мама, или некој друг, и големата авантура за првачиња деца и првачиња учители, ќе може да почне.

Пред малите ученици ќе се редат многу важни лекции и тие веднаш ќе почнат да учат:

-како се викаат новите другарчиња;

-по кој пат се стигнува до училницата;

-кои се другите простории;

-што можат да прават на час, а што на одмор;

-како се позајмува, помага, соработува, споделува, учи…

Заедно со најмалите ученици ќе растат и нивните родители. Тоа растење не е секогаш едноставно, за толку пораснати првачиња. Учејќи ги своите деца и тие ќе учат:

-како да дадат безрезервна поддршка, а да не презаштитуваат;

-што можат и што не можат да очекуваат во Нашето Училиште;

-зошто секој ученик се натпреварува сам со себе и никој не е секогаш најдобар во сѐ;

-како да се справат со промените, во семејството со нова титула – семејство на прваче…

Прв училиштен ден во многу училишта. Ќе се обидеме нежно да ги внесеме во еден нов свет, нашите мали првачиња. Во него, како што деновите ќе минуваат, полека ќе почнат да го препознават своето второ семејство. Ќе бидат многу слични, но и различни, секој на свој единствен начин. Ајде така да ги видиме и така да ги разбереме, сите ние кои имаме одговорност и привилегија да бидеме тука за нив, додека растат.

Да им дадеме време и да бидеме трпеливи со одговорите.

Да им посакаме, лесно да се справуваат со предизвиците и лесно да го пронаоѓаат скриеното богатство на островот Нашето Училиште.

Да им помогнеме, да бидат успешни ученици, кои со радост ќе ги совладуваат задачите и секојдневно ќе ги откриваат убавините во другарувањето, знаењето, љубовта, играта…

Да им кажеме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на сите денешни првачиња – ученици, родители и учители!

Извадок од архива на Елизабета Петровиќ

Македонија

Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка

Објавено пред

на

Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет

Објавено пред

на

На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Гејминг5 минути

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура7 минути

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle18 минути

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин26 минути

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин28 минути

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево19 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт20 часа

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево21 час

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

Хроника23 часа

Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село,...

НАЈЧИТАНИ