Следете не

Занимливости

Среќен добитник на лотарија освои повеќе од милијарда долари

Објавено пред

на

Бидејќи немаше главен добитник на американската лотарија повеќе од четири месеци, добивката од 1,05 милијарди долари на последното извлекување му припадна на среќникот кој го купил билетот во Детроит. Џекпотот од 1,05 милијарди долари е трета најголема награда на лотарија во историјата на САД.

Според организаторите на лотаријата во Мичиген, победничките броеви биле 4, 26, 42, 50, 60 и 24.

– Некој се разбуди утрово во Мичиген со вести што го менуваат животот. Честитки за најновиот милијардер од Мичиген – рече Рејчел Хирст (Rachel), регионален портпарол на синџирот на исхрана „Kroger“, каде што беше купен билетот.

Организаторите на лотаријата очекуваат дека сопственикот на добитното ливче најпрво ќе се „собере“, ќе го направи посакуваниот план за исплата на наградата и дека само тогаш тој ќе пријави.

Занимливости

Студија тврди дека пронајдени биле „вселенски печурки“ на Марс

Објавено пред

на

Една неодамнешна студија тврди дека пронашла докази за форми на живот слични на габи на површината на Марс. „Вселенските печурки“ станаа познати кога ги снимија камерите на роверот „Опортунити“ на НАСА, кратко откако слета во 2004 година.

Сепак, тие воопшто не се живи организми, туку „бетонирање на хематит“ – мали парчиња минерален хематит во форма на топка, чие потекло сè уште го разгледуваат научниците.

Хематитот е комбинација на железо и кислород и е многу важен на Земјата.

Сферичните карпи на Марс можеле да се формираат со постепено натрупување на материјал во течни водни средини кои полека испаруваат. Тие исто така може да се формираат со вулканска активност. Во секој случај, печурките не се.

Областа околу местото за слетување на „Опортунити“ е полна со овие парчиња, кои може да се видат на целата површина, а тие беа пронајдени и закопани под земјата, па дури и вградени во карпите.

Фосилизирани црви

Овие вселенски „печурки“ не беа првото тврдење за вонземски живот. Во август 1996 година, поранешниот американски претседател Бил Клинтон објави можност дека научниците откриле антички, фосилизирани остатоци од микроорганизми во метеорит, пронајден на Антарктикот во 1984 година.

Метеоритот, ALH 84001 е една од многуте карпи што ги имаме од Марс. Тие дојдоа од површината на планетата со вулкански ерупции или влијанија на метеорит, летајќи низ вселената веројатно милиони години пред да завршат на Земјата.

Малите структури откриени внатре потсетуваат на микроскопски организми слични на црви и веројатно се стари милијарди години.

Дебатата за нивното вистинско потекло продолжува и денес – многу научници истакнаа дека добро познатите неоргански процеси се доста способни да создадат структури кои личат на живи организми.

Со други зборови, ако нешто изгледа како живот, не мора да значи дека е така.

ФОТО: profimedia

Прочитај повеќе...

Занимливости

На 10 јуни се најавува дека ќе се случи „прстенасто“ затемнување на сонцето

Објавено пред

на

Жителите на тесниот појас кој се протега од Канада, преку Гренланд и Арктичкиот океан до Далечниот исток на Русија, ќе имаат можност да го воочат затемнувањето на прстенот на Сонцето на 10 јуни, објави Астрономското друштво „Руџер Бошковиќ“.

Имено, очигледната големина на Месечината ќе биде недоволна за да го покрие дискот на Сонцето, заради големото растојание од Земјата.

„Огнениот“ прстен околу Месечината ќе се гледа најдолго, 231 секунда, од северозападен Гренланд во 12,41 часот по локално време, се прецизира во соопштението на Астрономското друштво од Белград.

Надвор од тој појас, широк 521 км во Гренланд, во поголемиот дел од Северна Америка, Европа и Азија, на ова затемнување ќе се гледа како на делумно затемнување на Сонцето.

ФОТО: Pixabay
Извор: РТВ.рс

Прочитај повеќе...

Занимливости

Според британско истражување ова се последиците од долготрајна работа пред компјутер

Објавено пред

на

Според резултатите од британското истражување поради користењето гаџети на компјутерите во вечерните часови, шест до десет возрасни не спијат доволно. Лидерот на истражувањето Ричард Вајсман од Универзитетот Хертфордшир вели дека тие напди „исклучително се загрижувачки“.

– Помалку од седум часови сон кај возрасните го зголемува ризикот од дебелина, срцев удар, дијабатес и рак, додава Вајсман.

Тој вели дека сината светлина на тие уреди поттиснува производство на мелатони, хормонот кој поттикнува сон, па е важно да се избегнуваат пред спиење.

Оптичарот Енти Хепворт вели дека „сино-виолетовата светлина е потенцијално опасна и токсична за очната позадина“ и додава дека штетата ја зголемува гледањето без трепкање и приближување на очите на екраните.

Во текот на подолго време тоа може да ги оштети вашите очи.

– Долготрајното изложување на сино-виолетова светлина не изложува на поголем ризик од развој на макуларна дегенерација која во подоцнежна возраст е главен причинител за губење на видот и засега не постојат ефикасни методи за нејзино лекување, вели Хепворт.

Експертите велат дека за разлика од „доброто“ сино-тиркизно светло кое му годи на биолошкиот часовник, вилетовото, кое го емитуваат екраните, ги попречува обрасците на спиење и влијае на располпжението.

Истражувањето покажало дека речиси половина од возрасните лица кои поминуваат речиси седум часа дневно гледајќи во екраните, почнуваат да се чувствуваат непријатно кога се оддалечени од електронски направи, на пример паметни телефони.

Истражувањето покажало дека 55 отсто од испитаниците сметаат дека чувството на непријатност во очите е главен проблем на изложување на очите од влијанието на екранот.

Претходно јапонско тригодишно истражување врз 25.000 испитаници покажало дека седењето пред компјутер подолго од пет часа дневно значително го зголемува ризикот од депресија.

ФОТО: startupstockphotos / pixabay

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 3 часа

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има...

СпортПред 4 часа

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им...

На денешен денПред 4 часа

На денешен ден – 16 јуни

1671 година – Водачот на востанието Дон Козак и селанец, Степан Стењака Тимофејевиќ Разин, беше јавно погубен во Москва. Во...

ХороскопПред 11 часа

Хороскоп за денес (16 јуни) среда

ОВЕН Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве...

ЗанимливостиПред 14 часа

Студија тврди дека пронајдени биле „вселенски печурки“ на Марс

Една неодамнешна студија тврди дека пронашла докази за форми на живот слични на габи на површината на Марс. „Вселенските печурки“...

МакедонијаПред 17 часа

Ковид-19 денес: 29 нови случаи, 9 од Скопје, 5 од Кичево..

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 29 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се...

КичевоПред 18 часа

Бакарди: Потребни се работници со искуство за претстојната сезона

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот...

АвтомобилиПред 21 час

Црни кутии во автомобилите во ЕУ од 2022 година: Ќе снима брзина, време на сопирање и други параметри

Сепак, тоа нема да ги замени форензичарите, затоа што секогаш ќе биде потребен човечки фактор за читање на податоците. Како...

МагазинПред 22 часа

Microsoft го објави датумот на крај на Windows 10

Популарниот оперативен систем ќе престане да постои по животниот циклус од точно 10 години Microsoft штотуку објави датум за завршување...

LifestyleПред 22 часа

Бангладеш: Откриено како да се претвори пластиката во ванила

Научниците во Бангладеш откриле начин како да се претвори употребената пластична амбалажа во арома на ванила, користејќи генетски модифицирани бактерии....

НАЈЧИТАНИ