Следете не

Случувања

Среќна вест од Велес: Пронајдена 29-годишната девојка која беше исчезната вчера во животна опасност

Avatar

Објавено пред

на

Велешанката А.С (29) која од вчера попладне се оддалечила од нејзиниот дом и по која трагаше нејзиното семејство утрово околу 9,30 беше пронајдена од полицијата по непознат телефонски повик од жена, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Девојката била извадена од провалија со помош на пожарникарите, кои го расчистувале патот и ја извлекувале. Од медицинската екипа на Брза помош на лице место и дало прва помош, а потоа итно била пренесена во велешката Општа болница.

Таа денеска беше во Хирушкото одделение при велешката болница во добра и стабилна состојба вон животна опасност.

Oд портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Весна Неделковска Николова таа е во стабилна и вон животна опасност, но по направената компјутерска томографија доцна попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото – политрауматски повреди: скршеница на вратни прешлени, на клучна коска и на карлица и затоа тимот на лекари од Хирушкото одделение донел одлука попладнево во 17,30 часот со возило на Итна помош од велешката болница девојката да биде пренесена на понатамошно лекување во Клиниката за трауматологија во Скопје.

Како што информира д-р Стархил Тодоров од Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес утрово во 09:45 часот бил примен бил повик во Службата за итна медицинска помош од страна на дежурен полициски службеник дека во близина на браната на велешкото езеро „Младост“ пронајдено е едно повредено женско лице.

–Наша дежурна екипа веднаш се упати на местото на настанот. Дежурниот лекар при прегледот на повредената утврди дека истата е свесна, контактибилна, ориентирана, со повеќе телесни повреди на телото. По имобилизацијата, повредената со помош на пожарникарите, поставена на даска за спасување е извадена од клисурата под браната на езерото „Младост“ и со амбулантно возило и дежурната медицинска екипа е транспортирана на Ургентниот центар при ЈЗУ Општа болница – Велес, со цел натамошни прегледи и утврдување на степенот на телесните повреди,појасни др Тодоров.

Според информацијата од СВР Велес, 29 годишната А.С вчера попладнето околу 16 часот била пријавена од нејзината сестра во Полициската станица во Велес како исчезната, а по што започнала потрагата од страна на полицијата.

Портпаролот на СВР Велес ,Додевски ни изјави дека полицијата сепак ќе истражува како девојката се нашла на дното на провалијата.

Лекарите велат дека била пронајдена смрзната по ладната ноќ ,а изјавила дека ја плашело завивањето на шакалите во нејзина близина.

Како што информира портаролот на ЈЗУ Општа Болнива Велес д-р Весна Неделковска Николова со девојката по пронаоѓањето денеска во велешката болница разговарал и психијатар, а на кој девојката му изјавила дека само била премрзната.

/kurir.mk

Македонија

И денеска многу заболени – 807 случаи, додека починале 5 лица

Avatar

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 359
-Куманово и Охрид по 38
-Кавадарци, Струмица и Неготино по 36
-Гевгелија 35
-Тетово и Прилеп по 34
-Гостивар 29
-Битола 25
-Велес 24
-Крива Паланка 12
-Кочани и Крушево по 11
-Ресен 6
-Струга, Кичево и Валандово по 5
-Пробиштип и Богданци по 4
-Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар по 3
-Делчево и Радовиш по 2
-Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија по 1

Починати се 5 лица, по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:
-Скопје 135
-Кавадарци 61
-Прилеп 41
-Неготино 16
-Куманово 12
-Тетово 11
-Велес 7
-Гостивар и Кратово по 5
-Штип и Битола по 4
-Гевгелија 3
-Ресен и Пробиштип по 2
-Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.

Прочитај повеќе...

Македонија

Утре продолжува изведувањето на градежни работи на патот А2 Кичево-Охрид каде сообраќајот ќе биде со времен прекин

Avatar

Објавено пред

на

За утре 04.03.2021 (четврток) АМСМ најавува прекин на сообраќај на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, каде сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути поради изведување на градежни работи на пат (минирање).

Прочитај повеќе...

Случувања

(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава

Avatar

Објавено пред

на

Во 11:16 часот Грција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а по главниот земјотрес следуваше друга јачина од 4,6 степени по Рихтер.

Епицентарот бил на 23 километри од Лариса, на длабочина од 10 километри. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека земјотресот бил почувствуван во Атина и во други делови на западна Грција и дека јачината била 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Локалните медиуми наведуваат дека граѓаните излегле на улиците во деловите погодени од земјотресот, според „Катимерини“.

Официјален претставник на противпожарната служба во Атина изјави дека засега нема извештаи за можна материјална штета или повредени, пренесува Танјуг.

Земјотресот се почувствува низ цела Грција, дури и во Атина. Изворот вели дека потресите се почуствувале и во делови од Приштина, Црна Гора и Македонија.

* Афтершокови има речиси на секој 10 минути.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 1 час

Хороскоп за денес (4 март) четврток

ОВЕН Се чувствувате како некој да се обидува да ви претставува закана. Победата е можна со голема борба ако истраете....

МакедонијаПред 9 часа

И денеска многу заболени – 807 случаи, додека починале 5 лица

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 359 -Куманово...

МакедонијаПред 11 часа

Утре продолжува изведувањето на градежни работи на патот А2 Кичево-Охрид каде сообраќајот ќе биде со времен прекин

За утре 04.03.2021 (четврток) АМСМ најавува прекин на сообраќај на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека –...

Здравје и убавинаПред 11 часа

Најновите истражувања покажуваат дека преку очите се раните знаци за Паркинсонова и Алцхајмерова болест кај луѓето

Ново истражување покажува дека мрежницата, која се одвојува од мозокот за време на ембрионалниот развој, содржи слоеви на неврони кои...

СпортПред 11 часа

Македонската футсал репрезентација во петок гостува против Србија, три дена подоцна ќе одиграме реванш во Скопје

Македонската футсал репрезентација во петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското...

СлучувањаПред 11 часа

(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава

Во 11:16 часот Грција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки...

СкопјеПред 22 часа

Денес најавени прекини на електрична енергија во делови од град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 03.03.2021 година – среда, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што...

КичевоПред 23 часа

Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево

АТВА Маркети продолжуваат со производите на акција и оваа седмица, купувајте и заштедете!

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 3 март

1703 година – Умре англискиот научник и пронаоѓач Роберт Хук, кој усоврши барометар, телескоп и микроскоп и прв ја откри...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (3 март) среда

ОВЕН Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви...

НАЈЧИТАНИ