Свет Случувања

Стаорец изгризал 18.000 долари во банкомат во Индија

Со денови еден од банкоматите на Државната банка на Индија упорно не издавал пари на корисниците, а нивните компјутери покажуваа дека истиот не е празен, па од банкарските служби се загрижиле што и како може да биде проблемот кој го предизвикува тоа. Техничарите на крајот ја открија причината за тоа.

Откако го отворија банкоматот открија дека е полн со изгризани остатоци од рупии во вредност од 18.000 долари и најдоа еден мртов стаорец кој некако успеал да влезе внатре и да направи неочекуван неред.

„Банкоматот не работеше со денови и кога нашите техничари го отворија беа изненадени од глетката – делчиња од пари и еден мртов стаорец“, рече менаџерот на локалната филијала на банката Чандан Шарма.

„Отворивме истрага за овој необичен инцидент и ќе преземеме мерки да не се случи повторно“, рече тој.

Државната банка на Индија е најголемата банка во земјата со 50.000 банкомати ширум Индија. Повеќето се опремени со безбедносни камери. Кога била прегледана снимката од овој „провален“ банкомат не биле најдени траги од стаорецот. Од вкупно 2,9 милиони рупии (42.685 долари), стаорецот успеал да изеде банкноти во вредност од околу 18.000 пред да се прејаде со хартија до смрт.

Close