Балкан
„Старт-ап“ натпревар за млади од 13-23-ти јули. Можност за сите креативни кичевчани да се пријават и да земат свое учество заедно со своите врсници од три земји.
National Tourism Cluster “Bulgarian Guide”- (Lead Partner) организира Старт-ап натпревар за млади лица од Балканскиот регион преку виртуелна платформа, истиот натпревар ќе се одржи во периодот 13-23 јули 2020.
Во текот на овој натпревар учесниците ќе имаат можност да работат како дел од меѓународен тим каде што ќе разменуваат различни идеи и начини на работа. Заедно со други млади на иста возраст од Албанија, Бугарија и Грција, тие ќе треба да создадат деловни планови.
Менторите од различни области ќе ја надгледуваат работата и ќе им помогнат во брзо креирање на бизнис планови и виртуелна компанија.
Некои факти за натпреварот:
Повеќе од 80 млади учесници на возраст од 16-30 години;
4 држави – Албанија, Бугарија, Грција и Македонија;
Повеќе од 15 меѓународни ментори;
Меѓународно жири;
Парична награда за првите три групи.
Настанот ќе започне во понеделник, 13-ти јули од 12:30 часот на платформата за видео конференција ,,GoToMeeting”.
Сите заинтересирани млади на возраст од 16-30 години кои сакаат да бидат дел од нашиот натпревар, треба да испратат лични податоци најдоцна до 12:00 часот во недела на 12-ти јули на е-маил адресата [email protected]
Натпреварот е дел од активностите во рамките на проектот TRANS-EDU-NET, ,,Транснационална образовна мрежа за млади – нови технологии и претприемачко размислување во туристичката индустрија’’ БМП1 / 1.3 / 2990/2017, финансиран од INTERREG V-B, „Балканско-медитеранска програма“ 2014 – 2020 година.
Официјален линк од настанот можете да најдете ТУКА
Настанот за нашиот град е поддржан од Општина Кичево и National Tourism Cluster “Bulgarian Guide”- (Lead Partner)
Балкан
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во стан во Белград. Телото на Бојана е пронајдено вечерва околу 19 часот и испратено на обдукција.
Семејството на Бојана Јанковиќ ја потврди нејзината ненадејна смрт.
Инаку, Бојана беше во брак со пејачот на групата „Белградски синдикат“ и имаше сестра близначка Ивана, која исто така беше водителка.
Извор: blic.rs
Балкан
Царинската управа во Србија спречи криумчарење на поголема сума пари, пронајдена во детска чанта и пелени, кажале нема што да пријават..
Царинските службеници на граничниот премин „Градина“ спречија обид за криумчарење на 130.000 евра и 5.500 долари скриени во пакување бебешки пелени, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува, девизниот прекршок бил откриен во возило „Киа“ со странски регистарски таблички што го користело тричлено семејство кое патувало од Австрија кон Бугарија.
Брачен пар кој патувал со двегодишно дете им потврдил на надлежните дека немаат што да пријават, но при детална проверка на багажот било откриено дека има торба со 130.000 евра, како и плик со 5.500 долари пронајден во чантата со детски работи меѓу пелените.
Со оглед на тоа што парите не се пријавени на влез во државата, на патниците веднаш им се вратени по 10.000 евра по лице, а остатокот од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.
Царинската управа уште еднаш потсети дека сите патници, вклучително и оние кои штотуку минуваат низ Србија, треба на влез да пријават која било сума поголема од 10.000 евра, известува Danas.rs
Извор: Danas.rs
Балкан
(ВИДЕО) Свештеникот кој долго ќе се памети за големиот празник „Водици“, ја освети водата и потоа направи гест кој го нема никој до сега направено..
Откако ги изговори молитвите и даде знак на учесниците да тргнат, свештеникот за здравје скокна во осветените води. За сега се уште не се знае од кој дел на Балканот потекнува ова видео, но ги заслужува сите почести.
За многу години, Бог се јави!
Бог се јави!
Ако неко зна у ком месту се ово догодило, нека јави. pic.twitter.com/gVikyMD4bO
— Ледени Гале (@LedeniG) January 19, 2024
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Кичево2 дена
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура21 час
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Балкан11 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Кичево11 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.