Гејминг Свет

Гејмери: Дали Steam пропаѓа во сенката на Epic Store ?

Во екот на Video Game Awards, продавницата нападна со сета парeа и ги импресионира и гејмерите и развојните студија. Гејмерите со бесплатни игри, а девелоперите со значително помало плаќање на придонеси.

Продавницата не е ни две недели активна, а Steam веќе губи на фронтот со ексклузивноста. Многу игри, или целосно се повлекуваат од Steam, или пак ги одложуваат нивните официјални датуми за излегување на таа платформа.

Па така, Satisfactory целосно се повлече од Steam и ја поништи официјалната страна од платформата на Valve. Tимот зад играта, Coffee Stain Studios, се изјаснија дека играта нема да излезе на Steam. Според нив, единственото место на кое ќе можете да ја купите играта е Epic Store.

Genesis Aplha One реши да оди во сличен правец. Тeam17 не ја поништи Steam страната, но објасни дека нивната игра нема да излезе на Steam, барем не на 29.јануари. Во јануари, признаа тие, играта ќе излезе само на Epic Store.

Развојното студио Double Damage, пак, вети дека нивната игра Rebel Galaxy Outlaw ќе се продава во првите 12 месеци од излегувањето само на Epic Store. За понатаму, ќе размислат кога и на кои фронтови ќе ја пласираат нивната игра. Тие отворено си признаа дека нема логика да одат со Steam, затоа што тие (Valve) земаат цели 30 проценти од продажбите, а Epic само 12%.

Ова се чини дека е само почетокот на Epic ексклузивноста и Steam допрва ќе се губи во сенката на новосоздадената продавница.

Играта Ashen е достапна на Epic, а на Steam само стои дека датумот на излегување е непознат. Hades, играта на крајно талентираните Supergiant Games е достапна на Epic, но не е достапна на ниедно друго место. Уште поинтересно, игрите Outer Wilds и Maneater си имаат Steam страни, но развојните студија веќе објаснија дека овие игри нема шанси да се појават на Steam и дека ќе ги има само на Epic Store.

it.mk