Следете не

Балкан

Македонецот Стефан после критиките на Карлеуша покажа свој стил и самодоверба во „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Во најновата епизода од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше скопјанецот Стефан Величковски. Тој се претстави со песните „Нисам те због лепоте волео“од Жељко Јоксимовиќ и „Лапсус“ од Саша Ковачевиќ.

По своите изведби, Стефан доби четири гласа, односно од Вики Миљковиќ, Џорџе Давид, Јелена Карелуша и Ана Бекута. Тој истакна дека очекувал да има толку гласови, по што настана општ хаос во студиото на „Гранд“.

Првата песна беше убава. Меѓутоа, песните на Саша Ковачевиќ ви се такви замки и сите паѓате“, почна да коментира Џорџе, а Стефан го прекина и истакна дека мисли и дека втората песна добро ја отпеал.

Во дебатата се вклучи и Јелена Карлеуша, која изјави дека Македонецот има голема самодоверба.

„Едвај чекам да се појави некој пејач и да го отпее Саша Ковачевиќ како што треба. Не знам дали да те земам или не и изгледа дека ти ќе ме учиш како се пее, а не јас тебе“, дополни Џорџе, на што Стефан одговори дека „може и така“.

Вики го потврди својот глас, но беше збунета од правилата. „Не е добро кога некој има самодоверба, не е добро кога некој нема самодоверба, па чекајте кој е проблемот?“, Вики застана во одбрана на скопјанецот.

„Овој дечко не е самоуверен, туку е арогантен“, се вмеша Карлеуша.

Вики беше на страната на Стефан, истакнувајќи дека тој не е аронгантен, туку дека има соништа кои сака да ги исполни. Стефан истакна дека доколку требал да се одлучи меѓу Вики и Џорџ, тој ќе ја одберел Вики.

„Ти си дечко безобрзазен до крај. Ти си нешто најодвратно во последните неколку емисии. Тој арогантен став нема да те одведе никаде. Оди си, ја доби Вики, оди си, не сакам повеќе да те слушам“, распали Карелуша по Стефан.

Само Вики го остави својот глас и таа ќе му биде ментор на Стефан за следниот круг, а како се одвиваше сево ова погледнете во продолжение (на самиот почеток од видеото).

Балкан

Царинската управа во Србија спречи криумчарење на поголема сума пари, пронајдена во детска чанта и пелени, кажале нема што да пријават..

Објавено пред

на

printscreen

Царинските службеници на граничниот премин „Градина“ спречија обид за криумчарење на 130.000 евра и 5.500 долари скриени во пакување бебешки пелени, соопшти Царинската управа.

Како што се наведува, девизниот прекршок бил откриен во возило „Киа“ со странски регистарски таблички што го користело тричлено семејство кое патувало од Австрија кон Бугарија.

Брачен пар кој патувал со двегодишно дете им потврдил на надлежните дека немаат што да пријават, но при детална проверка на багажот било откриено дека има торба со 130.000 евра, како и плик со 5.500 долари пронајден во чантата со детски работи меѓу пелените.

Со оглед на тоа што парите не се пријавени на влез во државата, на патниците веднаш им се вратени по 10.000 евра по лице, а остатокот од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.

Царинската управа уште еднаш потсети дека сите патници, вклучително и оние кои штотуку минуваат низ Србија, треба на влез да пријават која било сума поголема од 10.000 евра, известува Danas.rs

Извор: Danas.rs

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Свештеникот кој долго ќе се памети за големиот празник „Водици“, ја освети водата и потоа направи гест кој го нема никој до сега направено..

Објавено пред

на

Откако ги изговори молитвите и даде знак на учесниците да тргнат, свештеникот за здравје скокна во осветените води. За сега се уште не се знае од кој дел на Балканот потекнува ова видео, но ги заслужува сите почести.

За многу години, Бог се јави!

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Потона сплав во Белград, на терен екипи на медицинска помош и полиција

Објавено пред

на

printscreen/official video

Имено, како што може да се види на видеото на страницата на Инстаграм „moj_beo_grad_“, пристапот до сплавот целосно потонал, а гостите се обидуваат да се спасат.

ВИДЕО од настанот: ТУКА и на овој ЛИНК

Извор: blic.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт20 минути

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево2 часа

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

Хроника3 часа

Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село,...

Lifestyle5 часа

Растение кое ќе ги растера инсектите од вашиот дом – од молци до смрдливи бубачки

Лавандата ги одбива инсектите во сите форми, од култивирано растение до сушено цвеќе и есенцијално масло. Лавандата е украсно растение...

Магазин5 часа

Три причини зошто роботите наскоро ќе станат значително покорисни

Намалувањето на цените на роботите им овозможува на истражувачите полесно да пристапат до напредната технологија Роботиката е на прагот на...

Магазин5 часа

Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници

Основачот на платформата, Павел Дуров, признава дека некои влади се обиделе да извршат притисок врз него, но тврди дека апликацијата...

Магазин5 часа

Microsoft објави крај на поддршката за Office 2016 и Office 2019

Ако сè уште користите Office 2016 или Office 2019, можеби е време да размислите за нивна замена. Microsoft потсети дека...

Спорт16 часа

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен...

Спорт16 часа

Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“

По 3:3 дома и 1:1 во Манчестер, Кралскиот клуб играше продолженија со Сити на „Етихад“, но бидејќи и по 120...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за четврток (18 април)

Овен Внимавајте што зборувате бидејќи јазикот денес лесно може да ве доведе во неволја, но може и да ве извлече...

НАЈЧИТАНИ