Временска прогноза
Студен бран се движи кон нашата држава, од среда снег на планините

Како што и претходно најавивме, на стабилното, суво и пријатно време преку ден му доаѓа крајот. Сончево ќе се задржи уште во текот на утрешниот ден, додека особено во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Во вторник облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон среда, но и во среда ќе има повремени врнежи од дожд додека поради падот на температурите на воздухот, на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено на некои места ќе се засилува.
Максималните дневни температури, во текот на утрешниот ден како и во вторник нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека од среда истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Текст: Славчо Попоски
Временска прогноза
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади

Иако климатолошката пролет започна денеска, сепак сеуште сме календарски зима. Во продолжение следува месечната временска прогноза за овој месец:
Според сегашните и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив. Имено се очекуваат повремени влажни воздушни бранови и циклонски циркулации кој ќе условуваат врнеживо и постудено време.
Не се исклучува можноста и за нови зимски продори на студена воздушна маса која би се спуштала од Сибир и би условила нови врнежи од снег, како на повисоките па така и на пониските места и тоа особено после 10-ти март.
Сепак со оглед на тоа дека одиме кон топлиот месец од годината, се очекуваат и повремени продори од југ кој би ги покачиле температурите позначително со што би имале и пролетни температури во текот на овој месец.
Ситуацијата континуирано ќе се следи – за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани, што значи дека граѓаните да ги следат нашите краткорочни анализи за прецизни информации.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината

Од денес и официјално започнува климатолошката пролет, што значи дека полека но сигурно одиме кон топлиот дел од годината.
До четврток нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува претежно сончево и релативно топло време преку ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека од среда повторно во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Од петок облачноста ќе се зголемува и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.
Во Скопје и околината продолжува сончевото и релативно топло време преку ден. Од петок облачноста полека ќе се зголемува. Максималната дневна температура на воздухот како денес, така и во следните неколку денови се очекува да се искачи до околу 15 степени.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..

Под влијание на нешто постудена воздушна маса од север, до вечерва како и во следните неколку денови ќе имаме малку пониски максимални дневни температури на воздухот. Истите ќе се движат во интервалот од 9 до 18 степени.
Поголем пад ќе имаат минималните утрински и ноќни температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, што значи дека истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Од утре ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец а времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.
Според моменталните анализи со кој разполагаме, промена на времето и врнежи се очекуваат кон крајот на новата недела која што ни започнува од утре.
Пишува: Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Кичево2 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Хороскоп2 дена
Денешен Хороскоп [28.02] недела
-
Временска прогноза11 часа
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза1 ден
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Се отцепи ледена област од Антарктикот, вкупната површина е поголема од Лондон