Следете не

Спорт

Суарез го промаши првиот пенал од 2016 година

Avatar

Објавено пред

на

Напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез се претвори во трагичар за својот тим во четвртфиналето на Копа Америка против Перу.

Голгетерот го промаши првиот пенал, откако во регуларното време натпреварот заврши 0:0, а неговиот пропуст се покажа одлучувачки, бидејќи до крајот сите изведувачи ги реализираа своите удари од 11 метри.

Така со 5:4 напред оди Перу, што е најголемо изненадување на турнирот досега.
По реализирањето на последниот петти пенал на Перуанците, напаѓачот се расплака на теренот, откако се обиде да ги сокрие солзите со дресот, но камерите го фатија.

Пропустот на Суарез од белата точка е негов прв во дресовите на Барселона и Уругвај од 2016 година наваму. До вчерашното промашување, тој имаше 15 гола по ред од белата точка.

Спорт

Зидан: Сакам доживотно да останам во Реал

Avatar

Објавено пред

на

Реал Мадрид се наоѓа во мини-криза, но тоа воопшто не го загрижува тренерот Зинедин Зидан. Французинот беше критикуван за лошиот настап против Мајорка во текот на викендот, како и за лошиот настап на првите два натпревари во Лигата на шампионите, откако белиот тим си замина со само еден бод. Утре, рекордерот по трофеи гостува на Галатасарај и нема право на грешка.

– Сакам доживотно да останам во Реал. Но, треба да прашате друга личност за ова, рече Зизу, осврнувајќи се на претседателот Флорентино Перез.

Менторот ги донесе „Лос Меренгес“ до три последователни триумфи во ЛШ, но сега не размислува за тоа.

– Она што го сторивме претходно останува во минатото. Во фудбалот, никој не се сеќава на она што сте го постигнале, туку гледа што правите токму сега. Нема да кажам дека не обрнувам внимание на она што го велат луѓето за мене, затоа што навистина сум заинтересиран. Не знам дали сега можам да загубам многу при пораз од Галатасарај. Сè што знам е дека утрешниот резултат нема да смени ништо, затоа што на следните натпревари ќе треба да играме за трите бода. Свесен сум дека секогаш ќе има тензија. Но, животот е таков – не секогаш може да играте добро и да победувате, но мора да покажете карактер. Но, овој пат убеден сум дека ќе направиме многу силен натпревар, додаде Зидан.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ла Лига повторно со иницијатива да се играат првенствени натпревари надвор од Шпанија

Avatar

Објавено пред

на

Раководството на шпанската Ла Лига не се откажува од идејата да се игра првенствен натпревар во друга земја. Според објавеното од Ла Лига, средбата меѓу Атлетико Мадрид и Виљареал треба да с еигра во Мајами, САД.

Средбата, закажана за 8 декември, ќе биде првиот натпревар од Ла Лига што ќе се одржи надвор од Шпанија.

„Ел Конфиденсијал“ информира дека е потпишан договор меѓу лигата и клубовите натпреварот да се игра на стадионот „Хард Рок“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Доколку нема квалификации за Ф1, ова е листата на стартери за следната трка

Avatar

Објавено пред

на

Саботните квалификации за ГН на Јапонија и официјално се откажани поради невреме и силни ветрови.

Како и во два претходни наврати, очекувањата се дека пилотите ќе се борат за пол-позицијата в недела изутрина, во пресрет на трката. Доколку тоа не се случи, стартниот ред ќе биде направен од вторите слободни тренинзи одржани денес.

Според истите, Валтери Ботас ќе стартува пред Луис Хамилтон и Макс Верстапен. Леклерк и Фетел од Ферари ќе стартуваат од четвртата, односно петтата позиција.

Предвидувањата се дека временските услови нема значително да се подобрат до крајот на викендот. Тоа го става во опасност одржувањето на трката на патеката „Сузука“.

/Kurir.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Живот и стилПред 2 минути

Осаменост е поштетна по здравјето од пушењето цигари

Секое второ домаќинство во германскиот главен град Берлин, има само по еден член. Поради тоа, во градот веќе постојат служби...

СпортПред 3 минути

Зидан: Сакам доживотно да останам во Реал

Реал Мадрид се наоѓа во мини-криза, но тоа воопшто не го загрижува тренерот Зинедин Зидан. Французинот беше критикуван за лошиот...

КултураПред 4 минути

Врвниот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Филхармонија

Врвниот француски контрабасист Рено Гарсија Фонс в четврток во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонија. Пред...

МакедонијаПред 6 минути

Суви коловози на државните патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Временска прогнозаПред 7 минути

Продолжува периодот на сончево и топло време, денес до 29 степени

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од...

МакедонијаПред 8 минути

Светски ден за подигнување на свесноста за пелтечењето

Лицата кои пелтечат не треба да се омаловажуваат, затоа што за нив овој проблем не претставува само нарушување на течноста...

ЗанимливостиПред 14 часа

(ВИДЕО) Снимка од желка како спие под вода стана хит на социјалните мрежи

Видео запис кој прикажува како водна желка изгледа дека спие во вода ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Водните желки...

ХороскопПред 14 часа

Дневен Хороскоп (22.10) Вторник

ОВЕН Доколку сега покажете дека сте одговорни и посветени на работата, на подолги стази ќе собирате награди и пофалби. Многу...

КичевоПред 16 часа

Пожарот кој се ширеше кон Св.Пречиста локализиран и изгаснат – да не се повтори!

По молитвите на Пречистата, пожарот го ставивме под контрола… Благодарност до сите кои се одзваа на повикот и дојдоа несебично...

КичевоПред 17 часа

Кичевчанка тврди дека случајно видела кучиња-скитници истоварани од прилепско камионче

Пред малку анонимна читателка ни испрати фотографија и натпис каде тврди дека случајно начекала лоша слика, имено пред нејзините очи...

НАЈЧИТАНИ