Следете не

Кичево

Манастир Св.Богородица – Пречиста традиционално ќе го прослави својот патрон

Avatar

Објавено пред

на

Ни засветли светол и сечесен спомен. Се раѓа Живот, од беживотна утроба. На свет доаѓа Мајката на светот. Да ликуваат небесните, да играат земните, заедно со премудрите Јоаким и Ана.

О, чудо преславно и необично, кој јазик може да ја воспее или која уста може да ја возвеличи Нејзината Красота. Посветла е од небесата и од зраците поблескава, Пречистата Царица.

Се радува и нашата обител, што за топла моливеница ја има Онаа која е бедем и заштита на целата вселена.

По повод Нејзиното светло Рождество, ве покануваме заедно со нас да земете удел во величањето на нејзиното благолепие. Торжествено и подобно на ангелските воинства во еден богопријатен глас да воскликнеме: Радувај се благодатна, Господ е со тебе!.

А ова небоземно торжество, со благослов на неговото Високопреосвешенство Митрополит г-дин Тимотеј, ќе биде збогатено со присуството на нашиот возљубен старец Архимандрит Партениј кој заедно со дел од братството и сестринството на нашите обители, ќе го украсат со велелепни песнопенија празничното богослужение чиј распоред е следниот:

– Вечерната служба со почеток во: 19:00 часот (Петок).

– Утрената богослужба со почеток во: 07:30 часот

Пречек на неговото високопреосвештенство Митрополит Агатангел, и почеток на Света Архиерејска Божествена литургија во: 09:00 часот.

Богородица да не запази по патот на вистината да сведочиме смело за верата во Воскреснатиот за нас, Спасителот и Господ наш Исус Христос во векови, Амин. – стои во официјалниот фејсбук статус на официјалната страница.

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Кичево

ЕВН: Прекин на електрична енергија на дел од с.Другово – кичевско, детали..

Avatar

Објавено пред

на

РЦУК Кичево во соработка со нашиот медиум Ве известува дека во текот на утрешниот ден 08.04.2020 среда од 09:00ч до 13:00ч се планирани прекини на ЕВН Македонија КЕЦ Кичево во дистрибутивниот систем за електрична енергија и тоа на дел од с.Другово (во околниот дел на поштата)

Електродистрибуција ќе работи на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

„АТВА“ Маркети – Кичево ќе работи со скратено работно време поради новите мерки за спречување на Коронавирусот

Avatar

Објавено пред

на

„АТВА“ Маркети – Кичево ги известува своите клиенти за вонредното скратено работно време:

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Да не се заборават и кичевските херои од Пожарна кои апелираат #СедетеДома

Avatar

Објавено пред

на

Денес ТППЕ Кичево на симболичен начин упати порака: #СедетеДома

Како што знаеме покрај Медицинарите и Полицијата кои ги заслужуваат сите почести, рамо до рамо се и нашата Пожарна служба која е на терен и работат 24/7.

Секоја чест момци!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 57 минути

ЕВН: Прекин на електрична енергија на дел од с.Другово – кичевско, детали..

РЦУК Кичево во соработка со нашиот медиум Ве известува дека во текот на утрешниот ден 08.04.2020 среда од 09:00ч до...

ЗанимливостиПред 2 часа

(ФОТО) Ексклузивни фотографии од „Розевата месечина“ која моментално блескаво грее

Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, веќе изгреа. Имено, Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три...

КичевоПред 6 часа

„АТВА“ Маркети – Кичево ќе работи со скратено работно време поради новите мерки за спречување на Коронавирусот

„АТВА“ Маркети – Кичево ги известува своите клиенти за вонредното скратено работно време: © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

МакедонијаПред 6 часа

29 ново заразени од Коронавирус во Македонија и нивните живеалишта по општини

Четири пациенти починале од корона вирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Едено лице починало, а било на домашно...

МакедонијаПред 8 часа

Во близина на Охрид, сопрен автомобил со дебарчани поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

На 06.04.2020 година во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, сопрен е патнички автомобил „голф“, со...

КултураПред 16 часа

Денес е „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..

Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието. Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се...

Временска прогнозаПред 19 часа

Продолжува периодот на сончево време со дневни температури над 20°С

Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево со мала локална облачност и...

ХранаПред 19 часа

За денес згответе здрав и лесен појадок

Појадокот е многу повкусен, ако не треба да мислите на него сонливи наутро. Затоа, еве брз, лесен и здрав појадок...

ХороскопПред 23 часа

Хороскоп за денес (07.04) вторник

ОВЕН Може да очекувате многу добар ден кога станува збор за работата, сѐ укажува на тоа дека ќе ги остварите...

МакедонијаПред 1 ден

Со чартер лет околу 130 македонци се вратија од Лондон

По деветте чартер летови за враќање на македонски државјани од Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија и Швајцарија, денеска во соработка...

НАЈЧИТАНИ