Вонредната состојба  прогласена поради пандемијата со коронавирус, продолжува во следниве 90 дена, соопштија од Светската здравствена организација.

Пандемијата на коронавирусот и понатаму е  интернационален здравствен проблем, вели шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус.

„За 90 дена или по потреба и порано повторно ќе го собереме одборот за Ковид-19“.

-СЗО е сериозно загрижена за потенцијалот на вирусот затоа што брзо се шири во земји со послаби здравствени системи (неразвиено здравство), ќе работиме со земјите и партнерите за да се овозможи патување за помош при пандемијата и постепено да се продолжи со нормално движење на патници.

-На 30-ти јанари се прогласи криза на глобално ниво и остатокот од светот имаше доволно време да реагира затоа што тогаш во Кина имаше само 82 случаи. Претходните денови СЗО беше во Кина да дознае повеќе за вирусот