Кичево
СВР Охрид за спроведените акциски-сообраќајни контроли викендов на своето подрачје

Со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, викендов, СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива, реализира повеќе сообраќајни акциски контроли.
Само во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето контролирани се вкупно 191 моторни возила (67 во Охрид, 44 во Струга, 33 Дебар и 47 во Кичево).
Притоа, алкотестирани се вкупно 122 возачи на возилата пришто, кај вкупно 27 возачи констатирано е присуство на алкохол во крвта (Охрид-13, Струга-3, Дебар-3 и Кичево-8) поради што, по овој основ, веднаш одземени се вкупно 27 возачкидозвол.Исто толку возачи се исклучени од сообраќај.
Против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. При реализираните акциски контроли, полициските службеници регистрирале и повеќе други прекршоци поради што, издадени се вкупно 28 мандатни и прекршочни платни налози (Охрид-13, Дебар-4, Кичево-8 и Струга-3.
Вакви и слични акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот, СВР Охрид постојано спроведува на целото подрачје а истите, во пресрет на претстојните празници ќе бидат значително интензивирани.
Целта е подигнување на степенот на сообраќајната безбедност и поголемо почитување на сообраќајните правила и прописи.
Извор: СВР Охрид
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавени прекини на електрична енергија во следните кичевски локалитети

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 24.01 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локалитети:
- ТС Техника, бул. Илинден кратки прекини на почеток и крај на планираниот прекин: Жито Караорман, Лопушник, Комуналец, Македонски шуми (Од 09:00 до 13:00 часот)
- Дел од ул. 4-ти јули (Ламели), Жито маркет, пекара Сара и др. (Од 13:00 до 15:00 часот)
Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
За нашиот медиум известува ЕВН Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје11 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина15 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот