Следете не

Македонија

СВР Охрид продолжува со засилени активности за проверка и почитување на одредената мерка за самоизолација на луѓе

Објавено пред

на

По преземени подготвителни активности за доследно спроведување на мерките на Владата за заштита и сузбивање на Коронавирусот  а во врска мерката за спроведување на лица во државен карантин, на 21.03.2020 година, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција „Регионален центар Запад“, извршија обезбедување и транспорт на четири лица кои од граничниот премин „Ќафасан“ се пренесени до Специјалниот завод во Демир Капија.

СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива (Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Дебар и Центар Жупа), на терен продолжува да презема најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките за заштита на граѓаните. Во координација со други надлежни институции, СВР Охрид ќе продолжи да презема активности за целосно спроведување на мерките кон лицата што не ја почитуваат мерката за самоизолација и нивно спроведување во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка.

Полициската станица Охрид  врши контрола на вкупно 144 лица со мерказдравствен надзор и домашна изолација“, 125 од нив, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишале изјава дека по доаѓањето од странски земји  кои, според Листата од СЗО  се зафатени од Коронавирус COVID – 19, во времетраење од 14 денови во нивните домови  ќе спроведат задолжителна самоизолација. 19 лица се водат со решение од  Државниот здравствен и санитарен инспекторат и се ставени под здравствен надзор и домашна изолација.

Упатуваме апел до граѓаните,  строго да ја почитуваат најновата одлука на Владата за забрана на движењето од 21 до 06 часот секој ден како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на COVID-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192,  можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14 дневна самоизолација.

Што се однесува за Дебар и Центар Жупа се почитуваат мерките на Владата

Изминатово деноноќие, безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди. На терен, полициските службеници  преземаат најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките на Владата и заштита на граѓаните и спречување на ширење на коронавирусот.

Непречено се реализираат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што,  нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сите мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид

Македонија

Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред

Објавено пред

на

Летното сметање на времето во 2024 година започнува викендов, односно на 31 март (недела) во 02:00 часот по полноќ, така што со поместување за еден час нанапред во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.

– Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот, се смета како 02:00 часот.

Одлуката на Владата за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви. Инаку Владата, на предлог на Министерството за економија, вчера на седница донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од среда целосно затворање на делница Прилеп – Битола државен пат „P1101“

Објавено пред

на

Илустрација

Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“ и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата, истакна АМСМ.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) Ноќва превој „Стража“ под снежна бура, апел за поголемо внимание додека минувате

Објавено пред

на

porta.mk

Предмалку до нашиот портал пристигна видео од превој „Стража“ каде се забележува дека паѓа снег и се задржува на коловозот.

Имено состојбата моментално може да се карактеризира како алармантна со оглед на тоа дека законот за поседување зимски гуми и опрема заврши, така што апелираме за поголемо внимание додека преминувате преку овој превој.

До сега немаме дополнителни информации како се останатите превои каде често знае снегот да изненади и на пролет.

Исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат кои работат активно на терен, така што се очекува овој снежен бран кратко да не создава дополнителни проблеми за движење.

Имајте безбеден пат, возете почитувајќи ги патните сообраќајни знаци и услови на патот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево4 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle14 часа

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево14 часа

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили14 часа

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин14 часа

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин14 часа

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

Магазин14 часа

Apple сè уште е резервиран кон Кина

Неодамнешната посета на Тим Кук на Кина покажа дека Apple не се иселува од Кина. Кина и Хуавеи се на...

Магазин14 часа

iOS 18 станува официјален на 10 јуни – закажаната конференција на Apple WWDC

Apple официјално ја објави својата годишна програмерска конференција WWDC за периодот од 10-14. јуни кога меѓу другото ќе го претстават...

Магазин14 часа

HBO Max наскоро го менува името во Европа

Warner Bros. Discovery (WBD) одлучи да го промени името на својата услуга за стриминг HBO Max во Европа. Оваа услуга...

НАЈЧИТАНИ