Свет
Светот во ШОК: Татко ја возеше ќерката врзана за комбе! (ВИДЕО)

Светот, а особено јавноста во Турција е шокирана од снимката која се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа како татко се „изживува“ со својата ќерка.
Имено, татко е снимен како вози комбе, на кое претходно ја врзал својата 13-годишна ќерка.
Комбето било снимено во регионот Чанкирис, кој се наоѓа северно од главниот град Анкара. Полицијата, преку бројот на регистрацијата го идентификувала возачот и го привела.
Станува збор за извесен Идрис К., татко на осум деца, кој имал оправдување за неговиот чин. Имено, во полицијата раскажал дека ја врзал својата ќерка за комбeто бидејќи таа сакала да се вози на носачот за велосипеди.
#Turkey: A woman was tied to the back of the minibus. #SHOCKING pic.twitter.com/A29xC7QObx
— Ali Özkök (@Ozkok_) August 28, 2018
Свет
NASA и Пентагон склучија партнерство за развој на напредна технологија и нуклеарен погон

Американската вселенска агенција (НАСА) вчера објави дека склучила партнерство со Пентагон за развој на ракета на нуклеарен погон дизајнирана да испрати луѓе на Марс.
Шефот на вселенската агенција, Бил Нелсон (Бил), истакна дека е формирано партнерство со американската воена истражувачка агенција Дарпа за „развој и тестирање на напредна технологија за термички нуклеарен погон во 2027 година“.
– „Со таа технологија, астронаутите ќе можат да патуваат во и надвор од вселената побрзо од кога било досега“, рече Нелсон, додавајќи дека е неопходно да се испратат мисии со екипаж на Марс.
Таквата ракета на нуклеарен погон би можела да биде три до четири пати поефикасна од ракетата со конвенционално гориво и би го намалила времето на патување до Марс.
Свет
Правилата важат за сите, Британскиот премиер заработи казна, не ставил појас додека се возел во автомобил

Сообраќајните прописи се сообраќајни прописи и тие треба да важат за сите, вклучително и за шефот на државата. Британскиот премиер Риши Сунак доби казна од полицијата во Ланкашир затоа што не го врзал појасот додека вози.
Како што пишува Ревија ХАК, Сунак бил фатен откако на Инстаграм објавил видео во кое им се обраќа на граѓаните од задното седиште во автомобил.
На неодамнешното видео објавено од Сунак, може да се види како се врти кон камерата додека зборува за владината политика. Сепак, јасно е дека тој не носел појас, поради што локалната полиција започна истрага.
Сунак се соочува со парична казна од 100 фунти, која може да се зголеми до 500 фунти доколку случајот оди на суд. Од кабинетот на премиерот соопштија дека тој ја прифаќа казната и ќе ја плати во најбрз можен рок.
/Revijahak
Свет
Во Бразил температури до 54°C, гужви на плажите (ВИДЕО)

Рио де Жанеиро ги бележи најтоплите летни денови, па плажите во бразилската метропола се полни со луѓе.
Особено е „живо“ на плажата Ипанема, која се наоѓа во јужниот дел на градот.
Во Рио три дена по ред се забележани рекордни температури, а највисоките достигнаа 54 степени Целзиусови.
Летното сметање на времето во Бразил трае од декември до март, а зимското од јуни до септември.
-
Скопје2 дена
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (30 јануари)
-
Автомобили19 часа
Истакнат списокот на автомобили од кој сопствениците биле најмногу задоволни, „Dacia“ високо на врвот…
-
Lifestyle4 часа
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Македонија23 часа
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-
Занимливости2 дена
Колкави плати земаат професионалните „MotoGP“ возачи, според последните информации за 2022-ра година