Балкан
Темни облаци над Балканот, ветар во Хрватска корне дрва, во Босна снег! (ВИДЕО)
Изненадувачки силна бура денеска дува на широкото подрачје на Сплит, каде орканските удари на ветерот достигнуваат брзина до 122 km/h, а во подвелебитскиот канал дури 150 km/h, соопштила хидрометеоролошката станица Марјан.
Студениот бран кој денес, ден по календарскиот почеток на есента, ја погодил и БиХ, го донел првиот снег во населбите околу Прокошкото езеро, на Бјелашница, каде во 14 часот биле измерени минус три степени.
Снег паднал и во делови на Влашича, соопштил Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ.
Балкан
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во стан во Белград. Телото на Бојана е пронајдено вечерва околу 19 часот и испратено на обдукција.
Семејството на Бојана Јанковиќ ја потврди нејзината ненадејна смрт.
Инаку, Бојана беше во брак со пејачот на групата „Белградски синдикат“ и имаше сестра близначка Ивана, која исто така беше водителка.
Извор: blic.rs
Балкан
Царинската управа во Србија спречи криумчарење на поголема сума пари, пронајдена во детска чанта и пелени, кажале нема што да пријават..
Царинските службеници на граничниот премин „Градина“ спречија обид за криумчарење на 130.000 евра и 5.500 долари скриени во пакување бебешки пелени, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува, девизниот прекршок бил откриен во возило „Киа“ со странски регистарски таблички што го користело тричлено семејство кое патувало од Австрија кон Бугарија.
Брачен пар кој патувал со двегодишно дете им потврдил на надлежните дека немаат што да пријават, но при детална проверка на багажот било откриено дека има торба со 130.000 евра, како и плик со 5.500 долари пронајден во чантата со детски работи меѓу пелените.
Со оглед на тоа што парите не се пријавени на влез во државата, на патниците веднаш им се вратени по 10.000 евра по лице, а остатокот од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.
Царинската управа уште еднаш потсети дека сите патници, вклучително и оние кои штотуку минуваат низ Србија, треба на влез да пријават која било сума поголема од 10.000 евра, известува Danas.rs
Извор: Danas.rs
Балкан
(ВИДЕО) Свештеникот кој долго ќе се памети за големиот празник „Водици“, ја освети водата и потоа направи гест кој го нема никој до сега направено..
Откако ги изговори молитвите и даде знак на учесниците да тргнат, свештеникот за здравје скокна во осветените води. За сега се уште не се знае од кој дел на Балканот потекнува ова видео, но ги заслужува сите почести.
За многу години, Бог се јави!
Бог се јави!
Ако неко зна у ком месту се ово догодило, нека јави. pic.twitter.com/gVikyMD4bO
— Ледени Гале (@LedeniG) January 19, 2024
-
Кичево2 дена
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (22 април)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Спорт2 дена
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
-
Македонија1 ден
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Автомобили2 дена
„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..
-
Lifestyle1 ден
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин1 ден
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука