Следете не

Свет

Масовна тепачка на над 30 мигранти во Сараево, има и повредени (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Повеќе од 30 мигранти учествуваa во тепачка пред службата за работа со странци во Босна и Херцеговина, во близина на сараевскиот аеродром, пренесуваат босанските медиуми.

Порталот Радиосараево.ба. дошол до ексклузивни снимки, од кои се гледа драматичната ситуација.

„Тешко е да се опише со зборови што точно се случи. Сè беше мирно, но одеднаш настана хаос“, изјавил новинар на порталот Радиосараево.ба. oд местото на настанот.

Како што додава новинарот, има мигранти кои се жалат на полесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи во Кантонот Сараево соопштиле дека немаат информации за тепачката.

Свет

Шокантно откритие: Што кријат внатрешните извештаи на ЦИА

Објавено пред

на

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) има докази дека најмалку 10 нејзини вработени биле вмешани во злосторства поврзани со сексуална експлоатација на деца, а само еден вработен е обвинет за кривично дело додека другите биле внатрешно разрешени, покажуваат новообјавените документи.

Шокантното откритие го објави „Басфид њуз“, до кој пристигнаа стотици доверливи внатрешни извештаи на ЦИА. Документите се од периодот од 2004 до 2019 година.

Според документите, секој 10 вработен во ЦИА имал „несоодветна сексуална активност со неидентификувано двегодишно девојче“ и признал дека во два наврати имал сексуален контакт со шестгодишно дете. Вработениот добил отказ од Агенцијата, но против него никогаш не била поднесена пријава.

Друг службеник на ЦИА, наводно, набавил експлицитни видео снимки од млади девојки направени од мајките на жртвите, што доведе до негова оставка, но не и до обвинение.
Тој бил фатен како се обидува да договори сексуални односи со дете зад чиј профил се криел агент на ФБИ.

И единствениот вработен во ЦИА кој е обвинет за сексуални злосторства врз деца бил под истрага за манипулирање со доверливи документи, наведува „Базфид“.
Неименуван поранешен функционер за „Базфид“ изјавил дека ЦИА повеќе би сакала внатрешно да ги решава инцидентите бидејќи вработените кои се обвинети за кривично дело „може да бидат принудени да откријат извори и методи“, пренесува RT.

/V-Online/

Прочитај повеќе...

Свет

Обединетото Кралство го одобри GSK лекот против Ковид-19

Објавено пред

на

Британската агенција за лекови денеска објави дека го одобрила третманот на GlaxoSmithKline (GSK) против Ковид-19.

Сотровимаб базиран на моноклонални антитела го намалува ризикот од хоспитализација и смрт кај пациенти кои може да развијат тежок ковид-19.

GSK наведува дека третманот е активен и против новата варијанта на коронавирус омикрон.

Сотровимаб се покажа како безбеден и ефикасен во намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт кај луѓе со блага до умерена инфекција со Ковид-19 и зголемен ризик од развој на тешка болест, според Британската агенција за лекови.

/NoviMagazin/

Прочитај повеќе...

Свет

Соединетите Американски Држави придонесуваат најмногу за загадувањето со пластика во светот

Објавено пред

на

Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот придонесувач за загадувањето со пластика во светот, според новиот извештај, кој повикува на развој на национална стратегија за да се стави крај на тоа.

Севкупно, Соединетите Држави создадоа околу 42 милиони тони пластичен отпад во 2016 година – повеќе од двојно од Кина и повеќе од земјите на ЕУ заедно, според извештајот на Националната академија на науките, инженерството и медицината. Соединетите Американски Држави сочинуваат помалку од пет проценти од светското население.

Во просек, секој Американец генерира 130 килограми пластичен отпад годишно, а потоа следи Обединетото Кралство со 98 килограми. Во Франција, просекот е 43 кг.

„Успехот на чудесниот изум на пластика во 20 век, исто така, создаде глобална поплава од пластичен отпад, каде и да погледнеме“, напиша Маргарет Спринг, претседателка на Комитетот на експерти што го напиша извештајот, нарачан од Конгресот на САД.

Таа го нарече проблемот „еколошка и социјална криза“.

Најмалку 8,8 милиони тони пластичен отпад завршува во океанот секоја година во светот, што е околу еден камион за ѓубре што се истоварува во морето секоја минута, се објаснува во извештајот. Сета пластика, вклучувајќи ја и онаа фрлена на земја, има потенцијал да заврши во океанот, се додава.

Со сегашното темпо, количината на пластика фрлена во океанот би можела да достигне 53 милиони тони годишно до 2030 година, што е половина од вкупната тежина на рибите фатени во океанот секоја година. Производството на пластика експлодира од 1980-тите, но не и рециклирањето, се нагласува.

Препорачува да се развие национална стратегија во Соединетите држави до крајот на 2022 година и да даде детали за неколку области кои би можеле да го решат проблемот, како што е поставување ограничувања за производство на пластика што не може да се рециклира или развој на замена за пластика.

Тоа е најсеопфатниот извештај за загадувањето со пластика досега објавен, рече Џудит Енк, претседател на Beyond Plastics.

/n1info/

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 24 минути

Во месец декември закажани регионални натпревари за национален тим до 14 години, се однесуваат за најдобри фудбалери родени 2008 год

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите клубови дека во текот на месец декември ќе се одржат регионални селективни натпревари за...

КичевоПред 5 часа

(ВИДЕО) Се врши проценка на штетата од поплавите, околу 100 куќи биле поплавени во Кичево, најзагрозени се жителите на „Прилепска“

Околу 100 објекти се погодени од поплавите кои се случија во понеделникот во Кичево. Најпогодена населба е „Прилепска“ која се...

МакедонијаПред 6 часа

Денеска 333 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 154...

МагазинПред 10 часа

Мета ја укина забраната за рекламирање криптовалути

Мета ја напушта својата долгогодишна (ако не и апсолутна) забрана за рекламирање на криптовалути. Според CNBC, Мета ја заврши својата...

МагазинПред 10 часа

Камерата на вашиот следен телефон со Android може секогаш да биде вклучена

Никој не сака да става селотејп на предната камера на својот паметен телефон, но доколку оваа функција стане норма, тоа...

СветПред 10 часа

Шокантно откритие: Што кријат внатрешните извештаи на ЦИА

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) има докази дека најмалку 10 нејзини вработени биле вмешани во злосторства поврзани со сексуална експлоатација...

СветПред 10 часа

Обединетото Кралство го одобри GSK лекот против Ковид-19

Британската агенција за лекови денеска објави дека го одобрила третманот на GlaxoSmithKline (GSK) против Ковид-19. Сотровимаб базиран на моноклонални антитела...

МакедонијаПред 10 часа

Пронајдени нерегуларности кај кичевски возила и автобус, детали за вчерашната акциска за јавен превоз

На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли  на автобуси и други моторни возила што вршат...

СветПред 10 часа

Соединетите Американски Држави придонесуваат најмногу за загадувањето со пластика во светот

Соединетите Американски Држави се убедливо најголемиот придонесувач за загадувањето со пластика во светот, според новиот извештај, кој повикува на развој...

БалканПред 10 часа

Омикрон пристигна во Грција, oткриен е првиот случај на новиот сој

Првиот случај на омикрон, нов вид на коронавирус, е откриен во Грција, потврди во четвртокот министерот за здравство Танос Плеврис....

НАЈЧИТАНИ