Следете не

Живот и стил

Тешко станувате на утро? Еве неколку трикови за надминување на личниот проблем

Avatar

Објавено пред

на

Доколку ви е тешко станувањето рано при тоа многу често доцните на работа треба да знаете дека тоа не е само навика или неодговорност, туку причината може да биде и генетска.

Нашиот внатрешен часовник, поради кој ни е лесно и тешко да легнеме порано и да станеме рано наутро, дефиниран е во нашите гени. Научниците утврдиле дека дури 7 гени се вклучени во овој механизам кој не зависи од нашата волја.

Тие исто така утврдиле дека учесниците во истражувањето, кои себе се опишале како утрински типови на луѓе, имале многу помалку проблем со несоница, сосема им било доволно 8 часа сон секоја ноќ, како и тоа дека овие луѓе имаат помалку ризик од депресија отколку луѓето кои себе си се опишале како “ноќни типови” .

За оние кои гените ги успиваат наутро еве неколку трикови како да станете на време.

– Оставете го будилникот малку подалеку од дофат на раката за да мора да станете од кревет и да го исклучите. Големи се шансите ако ви е на дофат на рака веднаш да го исклучите и да продолжите да спиете.

– Отворете ги темните завеси навечер пред да си легнете. Наутро кога ќе влезат сончевите зраци во спалната соба ќе ви биде уште еден знак дека треба да станете. Друг начин да го постигнете ова е да си набавите од оние будилници кои освен звук емитираат и сончева светлина. Ова е одлична опција за во зимските денови кога се разденува малку подоцна а треба да станете пред да изгрее сонцето.

– Немојте да се туширате непосредно пред да си легнете. Туширањето знае да ве расони па после потешко да заспиете. Најдобро е да си направите топла купка барем еден час пред да си легнете, а уште подобра варијанта е да се истуширате наутро, така сигурно ќе се расоните.

– Помалку консумирајте алкохол и кофеин. Понекогаш на крај на работниот ден за опуштање знаеме да се напиеме чаша вино или некој друг алкохолен пијалок. Но ако знаете дека мора да станете наредното утро рано а при тоа да бидете наспани и одморени заборавете на кофеинот и на алкохолот. Наместо тоа напиј те се топол чај од камилица или некој друг чај од билки, уште наредното утро ќе ја воочите разликата.

– Напијте се чаша вода веднаш по станувањето. Најдоброто нешто наутро е да се напие чаша вода на празен стомак. На овој начин вашето тело ќе биде хидрирано и ќе активира  метаболизмот што ќе ви даде дополнителна енергија. Водата, исто така, ќе ви помогне да се разбудите и да се освежите по долгата ноќ без вода.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Неколку начини како да вежбате во жешко време

Avatar

Објавено пред

на

Има неколку начини како да се справите со неподносливата жештина, а да не мора да го жртвувате тренингот. Ако не вежбате во климатизирана теретана, надворешните температури може дополнително да ве исцрпат и да си направите штета, наместо да добиете бенефит од вежбањето.

Првиот совет е логичен: избегнете го најжешкиот дел од денот за вежбање, дури и ако вежбате во теретана. Намалете го интензитетот на вежбањето и во најжешките денови тренирајте колку да ја одржите кондицијата и навиката.

Некои тренери на професионални спортисти советуваат постепено ладење на телото пред тренингот со пиење ладни течности и ставање ладни облоги на телото, познато како „предладење“.

Другата опција, колку и да звучи чудно, е лежење во топла купка во која температурата на водата е најмалку 40 степени Целзиусови, 30 минути по 30-минутно трчање, што постепено ќе го „климатизира“ вашето тело и ќе го „навикне“ на жешки услови.

Лекарите и тренерите предупредуваат да не го исцрпувате телото со интензивно вежбање во време на топлотен бран и потсетуваат да пиете доволно вода и да имате при рака солени грицки во случај да почувствувате паѓање на притисокот или омалаксаност.

За оние кои не сакаат да го прекинат секојдневното џогирање, се препорачува да го нагодат тренингот на отворено за рано наутро или доцна навечер и да го скратат времето на трчање во најжешките денови.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Мајките кои седат дома се понесреќни од оние кои одат на работа

Avatar

Објавено пред

на

Можеби си мислите дека мајките кои не работат живеат совршен живот и имаат еден куп време да се грижат за своите деца и со нив квалитетно да го поминуваат времето. Но, едно ново истражување покалажо дека тие се посклони кон депресија и почесто се разболуваат отколку мајките кои работат.

Истражувачите од универзитетот на Северна Каролина анализирале податоци собирани повеќе од 10 години во кои биле вклучени 1364 мајки.

„Во сите случаи со значителни разлики во добробитта на мајките, како што е конфликтот меѓу работата и чувањето на децата, споредбата покажа дека сите го пртпочитаат работењето со скратено работно време повеќе отколку работењето со цлосно работно време или седењето дома“ – вели Шерил Буелер од универзитетот на Северна Каролина.

Така, мајките кои биле вработени со скратено работно време пријавиле дека имаат подобро здравје и помалку симптоми на депресија отколку оние кои биле домаќинки, додека пак немало значителни разлики во споредба со оние жени кои работат 8 часа или подолго. Исражувањето покажало дека мајките кои работат со скратено работно време се подеднакво вклучени во посветувањето време на своето дете и им оозможиле повеќе шанси за учење на децата од прет-школска возраст и се подеднакво вклучени во школските активности на децата колку и мајките кои се постојано дома. Нормално, мајките кои работат со целосно работно време, овде заостануваат.

Врз основа на истраувањето, истражувачите сметаат дека најкорисно за децата (и за мајките кои сакаат да им се посветат) е нивните мајки да работата со скратено работно време, бидејќи тоа придонесува кон зајакнување на врсите во семејството. Тие им препорачуваат на работодавците да создадат соодветни услови повеќе жени да работат со скратено работно време, преку овозможување на соодветни бенефиции кои би ги поттикнале мајките да бараат такво вработување.

Кај нас вакво нешто сигурно би им било корисно на сите, особено на оние жени кои поради семејството решаваат да останат дома и да се грижат за децата. Вие што мислите? Се соглсувате ли со ова?

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Во што сè жените се подобри од мажите?

Avatar

Објавено пред

на

Инспирирани од многуте истражувања, а поттикнати од новата книга „Man Down“ на Ден Абрамс, решивме да собереме на едно место што повеќе информации за работите кои жените ги прават подобро од мажите. Верувале или не, се прават илјадници истражувања на тема мажи vs. жени. Еве ги резултатите од најпопуларните од нив, а кои ги покажуваат жените како претставнички на супериорниот пол:

Жените подобро се справуваат со раскинувањето и лошите моменти во врската

Се смета дека по раскинувањето жените седат дома и јадат сладолед плачејќи, а мажите веднаш трчаат да излезат и да се забавуваат. Но, вистината е дека жените подобро сесправуваат со раскинувањето и лошите моменти во врската. Зошто? Затоа што жените имаат повеќе луѓе со кои можат да разговараат и од кои добиваат поддршка. Мажите од своја страна само ги „голтаат“ фрустрациите и ги чуваат чувствата во себе, а тоа влијае негативно на нивната самодоверба и емотивна состојба.

Жените поднесуваат повеќе болка

Сигурно веднаш помислувате на депилација, породување… Истражувачите сметаат дека жените почесто се соочуваат со болка и чувствуваат поголеми болки во текот на нивниот живот, па токму поради тоа можат подобро да ја поднесуваат болката. Истражување во кое учествувале воени лица покажало дека женските војници поретко пријавувале дека чувствуваат болка во споредба со војниците од посилниот пол. Еден од доказите доаѓа од емисијата MythBusters. Во една од епизодите, учесниците требало да ги држат рацете потопени во преладна вода. Жените издржале за 19% подолго од мажите.

Жените се подобри полицајци и шпиони

Истражувањата покажале дека жените полицајци се подоверливи, помалку корумпирани и поретко употребуваат физичка сила во споредба со полицајците од машки пол. Токму поради тоа, жените подобро се справуваат со насилни ситуации. Во рамките на друго истражување, маж кој се претставувал како привлечна жена контактирал онлајн со машки и женски шпиони со цел да извлече од нив што повеќе информации. Резултатите покажале дека мажите шпиони издаваат доверливи информации полесно од жените.

Жените се подобри коцкари

Да, жените поретко се коцкаат од мажите, но се многу подобри во тоа и почесто остваруваат заработка. Истражување со повеќе од 40 000 коцкари направено со соработка на универзитетите Харвард и Кембриџ покажало дека жените се поефективни во спортското обложување од мажите. Зошто? Затоа што жените се поагресивни, побрзо одлучуваат за својот облог и почесто имаат профит од обложувањето.

Жените се подобри политичари и светски лидери

Маргарет Тачер има изјавено: „Во политиката, ако сакаш нешто да биде само кажано – побарај маж; ако сакаш нешто да биде направено – побарај жена“. И очигледно била во право. Истражувањата покажале дека жените се поефективни политичари, помалку корумпирани и поддржуваат многу повеќе проекти и програми. Во рамките на едно истражување учесниците ги оцениле жените како еднакво добри или подобри политичари од мажите, но кога биле прашани за кого би гласале, за маж или за жена, повеќето учесници одговориле дека би гласале за маж. Тоа е и одговорот на прашањето зошто во светски рамки повеќето политичари се мажи.

Жените се подобри возачи од мажите

Тука не станува збор за паркирање или возење во рикверц, тоа е во областа на мажите. Жените се подобри возачи од мажите затоа што се повнимателни, велат експертите. Едно истражување покажало дека ризикот за возачите од машки пол да загинат во сообраќајна несреќа е за 77% повисок отколку за возачите од женски пол. Друго истражување покажало дека во текот на 5-годишен период, 80% од сите сериозни сообраќајни несреќи во градот Њујорк вклучувале мажи. Освен тоа, мажите почесто добиваат казни за брзо возење.

Жените подобро управуваат со парите отколку мажите

Минатата година Њујорк Тајмс објави статија во која се тврдеше дека жените заработуваат повеќе од мажите на пазарот со акции. Истражувањата покажуваат дека жените се за 3-4% подобри инвеститори и многупати подобри во менаџирањето на семејниот буџет.

Жените имаат подобра меморија од мажите

Жените многу подобро помнат лица, имиња, секојдневни настани, детали од разговорите што ги воделе и сл. Многу истражувања, меѓу кои и минатогодишното истражување на Универзитетот Кембриџ, потврдуваат дека женскиот мозок е поспособен да памти информации од машкиот. Таа способност им помага на жените да се снаоѓаат подобро во многу сфери од животот.

Жените би ги победиле мажите на ултра долги маратони

Мажите се подобри спортисти, но жените би можеле да ги победат мажите на ултра долги маратони од 200, 300 или 400 километри без спиење. Зошто? Поради две причини: прво, естрогенот им помага на жените да бидат поиздржливи и второ, женското тело има повеќе масти, па на многу долги патеки тоа е доста полезно.

Жените се хранат поздраво

Американско истражување во кое учествувале 14 000 мажи и жени покажало дека жените избираат поздрава храна и почесто консумираат овошје и зеленчуци.

Освен тоа..

Жените се и подобри:

  • Студенти – повеќе жени отколку мажи завршуваат факултет и тоа со подобар успех;
  • Спикери – луѓето им даваат поголем кредибилитет на вестите кога тие се презентирани од жена;
  • Доктори – жените поминуваат повеќе време со пациентите, повеќе ги охрабруваат и поддржуваат и сочувствуваат со нив, а и пациентите се чувствуваат покомфорно кога се со докторка;
  • Нуркачи – жените се посмирени, помалку агресивни и повеќе внимаваат на нивната безбедност.

Жените:

  • се поорганизирани на работното место;
  • имаат подобро развиено чувство за мирис;
  • живеат подолго;
  • подобро соработуваат и работат во тим;
  • комуницираат подобро;
  • учат полесно од мажите;
  • помалку зборуваат од мажите, но се изразуваат посмислено и поразнообразно од мажите и она што го кажуваат секогаш е поинтересно;
  • се подарежливи од мажите;
  • прават подобро вино.

Докажано е дека жените можат подобро:

  • да прават повеќе работи истовремено (мултитаскинг);
  • да убедат сообраќаен полицаец да не им пише казна;
  • да закажат термин на доктор;
  • да победат во дискусија;
  • да убедат продавач да им даде попуст;
  • да заковаат шајка.

Ова не е конечен список… има многу други нешта кои жените ги прават многу подобро од мажите.

Сепак, ова не значи дека жените се подобри во сè. Мажите се физички посилни и побрзи, подобро паркираат, подобро возат во рикверц, подобро читаат од мапи, подобро гледаат објекти кои се оддалечени од нив (далековидни се), поуспешно држат диети, подобро се однесуваат кон своите пријатели итн.

И за крај, верувале или не, жените многу поретко ги удира гром. Во периодот од 1995 до 2008г., дури 82% од луѓето кои биле удрени од гром во САД биле мажи.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КултураПред 3 часа

Денес е „Иванден“ денот на раѓањето на Св. Јован Крстител, за многу години!

Иванден е еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител...

ХороскопПред 4 часа

Хороскоп за денес (07.07) вторник

ОВЕН Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви...

МакедонијаПред 11 час

До сега вкупно 7124 македонци се заразени од Ковид-19, бројката во Кичево достигна 48, по градови дистрибуцијата изгледа вака

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199,...

МагазинПред 11 час

(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!? 

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и...

МакедонијаПред 13 часа

Денес 78 нови случаи на заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 26 -Куманово...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (06.07) понеделник

Овен Чувствувате дека дел од колачот, кој ви припаѓа не го добивате во вистинска смисла на зборот. Морате да бидете...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Имате грчеви на нозете преку ноќ, еве начин како да ги спречите

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека...

МакедонијаПред 1 ден

(ВИДЕО) Шило Магазин од Охрид: Во стара чаршија, ни маска носат, ни бутур

Колегите од Шило Магазин се вклучија во Живо од Старата Чаршија од Охрид.. Според видеото кое го постираа јасно се...

СкопјеПред 1 ден

Вашата омилена урбана Зона М1 мрежа со вашите музички желби

Убав ден со Зона М1 и вашите музички желби преку смс 141344 од овој момент во следните неколку часа, а ги...

МакедонијаПред 2 дена

Ковид-19 не запира: Денес 115 новозаразени од кој 4 од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. – Скопје 53 –...

НАЈЧИТАНИ