Забава Занимливости

ТЕСТ: Проверете каков партнер ви одговара

Одберете едно од следниве животни кое ќе ви донесе добра и едно кое ќе ви донесе лоша вест. Ова се животните:

ТИГАР
КУЧЕ
ОВЦА
ПАПАГАЛ
ЖЕЛКА

Клучот е под фотографијата

1.Тигар

Добра вест: Сметате дека би биле најсреќни со амбициозен и моќен партнер кој има незапирлива желба да владее.

Лоша вест: Се ужаснувате од помислата да бидете со вообразен, тирански партнер кој се перчи наоколу како господар и се буни при секоја поделба на обврските.

2. Куче

Добра вест: Безусловна верност и предаденост се особините кои најмногу ги цените кај партнерот.

Лоша вест: Никако не можете да се согласите со партнер кој постојано им угодува на другите и на кого најважно му е мислењето на другите.

3. Овца

Добра вест: Среќната иднина ја гледате со партнер кој се грижи за вас.

Лоша вест: Се плашите да завршите со досадна личност која е врзана за домот и постојано сака да ги повторува истите работи и да оди на исти места.

4. Папагал

Добра вест: Најмногу ви одговара зборлеста и забавна личност која знае да ве насмее.

Лоша вест: Ништо не ве нервира повеќе од тоа некој да зборува за едно исто нешто или само за себе, мрзлив и алергичен на секаква работа.

5. Желка

Добра вест: Вашиот идеален партнер е сериозен, стабилен и секогаш е покрај вас кога ви е потребен.

Лоша вест: Можноста да го поминете животот со тромав, спор и мрзоволен партнер за ва вас претставува најстрашна ноќна мора.

Leave a Comment