Временска прогноза
И денес топло со слаб ветер, додека ноќите некаде ќе бидат и до 10°C
Овој викенд нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ.
Времето ќе биде сончево и топло преку ден, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено утре ќе засилува на интензитет. Не е исклучена можноста ноќните температури да ве изненадат и да се спуштат некаде и под 10°C.
Максималните дневни температури на водухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
И во првите денови од следната недела не очекува стабилно, суво и уште потопло време, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Позначителна промена на времето ќе започне некаде од средината на следната недела, кога очекуваме зголемување на облачноста, а условите за врнежи ќе почнат да растат.
Повеќе детални и попрецизни информации околу промената на времето ќе следат овие денови.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ за нашиот портал..
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево22 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза17 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин2 дена
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин2 дена
Meta се затвора во Турција
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт1 ден
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.