Кичево Македонија Музика

Грандиозна изведба на Кичевчанецот Тоше & Рефреш Бенд за хитот „Како после нас“ (ВИДЕО+ФОТО)

Кичево како град уште долго време ќе биде гордо музичко катче на своите музички имиња, кои полека но сигурно пленат на Македонската музичка сцена, така нашиот кичевчанец вокалот Тоше заедно со Кирил Митрески (сајзер) го снимија својот cover за мега хитот на Саша Ковачевиќ „Како после нас“

Младите и талентирани момчиња од „Рефреш Бенд“ кои од своите најрани почетоци на детството ја негуваат музиката се студенти на Факултетот за музичка уметност „Гоце Делчев“ – Штип и функционираат веќе од Април 2017 и двајцата имаат по 20 години.

Нивните настапи се уникатни и карактеристичнo исполнети со многу позитивна енергија, каде најчесто може да се слушнат во блиските дискотеки и ресторани во Струга и Охрид како и на студентските забави ширум Македонија – каде исто така се екстра добро прифатени од своите колеги.

Посебна благодарност до маестро Јордан Манов од SHINE Band за видео проекцијата.

Ве препуштаме да уживате и заеднички да им посакаме успех и среќа и уште многу успеси на музичко поле, нови хитови за сите вкусови, како и авторски дела, како што впрочем и самите ни најавија.

Кликнете 👍 и споделете ако ви се допаѓа.. 🎹🎤🎶🎵