Спорт

Легендата замина: Збогум Франческо Тоти

По 25 години поминати во римската волчица – Италијанскиот ас кажа “збогум” за фудбалот и се пензионира.

Пред неполни 10 минути следеше неговото обраќање пред широкиот аудиториум каде само преку фејсбук го следеа над 2 милиони луѓе.

Тоти досега одигра 783 меча за Рома и постигна 307 погодоци. Во кариерата се радуваше на титула во Серија А во 2001 година, како и на Куп трофеите во 2007 и 2008 година и Суперкуп пехарите во 2001 и 2008 година. Со 250 погодоци во Серија А е вториот најдобар стрелец во историјата на италијанското првенство.

Leave a Comment

Close