Хроника
Трагедија го потресе Ресен: Загина младо момче при удар на дрво во глава, додека работел
На 18.08.2019 во 15:40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата И.С.(27) од Скопје.
Од страна на лекар констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција
Извор: МВР
Хроника
Замина големиот другар, легенда, најдобриот боди билдер кои го познававме Мирко, почивај во мир другарче, прерано замина!
Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.
– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски – напиша тој на нивната заедничка фотографија.
По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.
„Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој.
Хроника
МВР: Детали за стравичната сообраќајка која го потресе Кичево и регионот, каде загина едно лице
На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот.
Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош а со тешки телесни повреди, се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Татко на своја двегодишна ќерка од Кичево се сомничи дека и нанел повреди кои после 22 дена биле фатални и девојчето починало
На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево.
Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала.
Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево6 часа
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево19 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево1 ден
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Кичево2 дена
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
-
Спорт17 часа
Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории
-
Магазин1 ден
Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес