Следете не

Кичево

Тригодишен помен на игуменија Агнија: Отслужена света архиерејска Литургија во манастир „Пресвета Богородица – Пречиста“

Објавено пред

на

Вчера на 10.11.2019 година, во Дваесет и првата недела по Педесетница и на празникот на св. мч-чка Параскева Икониска и св. Димитриј Ростовски, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска заупокоена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевче Тошевски, еромонахот Доситеј, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен Парастос по повод тригодишнината од упокојувањето на игуманијата Агнија, која долги години раководеше и се грижеше за ова наше светилиште.

Потоа свештенството и верниот народ се упатија кон вечното почивалиште на игуманијата Агнија, каде што беше извршена трисагија за покој на душата на упокоената игуманија. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

Превземено од Дебарско-кичевска епархија.

Повеќе фотографии и текст ќе прочитате ТУКА

Кичево

DJ GOCE SAF @ Република 96250

Објавено пред

на

Хип Хоп Сабота во Република 96250!

Ви го претставуваме човекот кој е задолжен за најдобрите Хип Хоп забави на овие простори, човекот кој ги владее најпознатите хитови од оваа сцена, забава која со сигурност ке ве размрда и расположи, оваа сабота во Република 96250 – DJ GOCE SAF !

08.10.2022

Почеток 21:00

Влез 100 ден.

 

Инфо и резервации на тел:

078 322 615

#Република 96250

Прочитај повеќе...

Кичево

РЦУК Кичево утре организира крводарителна акција, повик до сите хумани луѓе да даруваме крв и да спасиме живот, утре можеби нам ќе ни треба!

Објавено пред

на

РЦУК Кичево организира крводарителна акција, закажана за утре четврток 06.10.2022, од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Институт за трансфузиона медицина-Кичево. Да ја изразиме нашата хуманост преку дарување на крв, незаменлив секојдневно потребен лек кој спасува многу животи.

Бидете дел и присуствувајте на овој голем хуман настан, бидејќи еден ден можеби и нам ќе ни треба!

Прочитај повеќе...

Кичево

Победа на Напредок во првото коло од Третата Македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

Вчера со почеток во 15ч. на Градскиот стадион во Кичево беше одигран фудбалскиот натревар од првото коло во рамки на Третата Македонска фудбалска лига – Запад , помеѓу домашниот тим  Напредок и екипата на Дрита.

Напредок продолжува со победи на стартот од новата сезона во Третата лига – Запад. Значајна победа од 4-1 Напредок во 1. коло на домашен терен против Дрита.

Резултатот го отвори Младен Котевски преку асистенцијата на Раде Попоски, другите двајца стрелци на утакмицата беа Никола Аврамовиќ и Никола Настески.

ФК Напредок – ФК Дрита ( 1:1 ) 4:1

„Одличен старт на сезоната воедно и се заблагодаруваме на кичевската публика која што беше присутна во голем број и беше поддршка 90 минути“ – Ф.К Напредок

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден5 часа

7 октомври – На денешен ден

1571.- Шпанската и венецијанската морнарица ја поразиле турската флота кај Лепанто во југозападна Грција. Во најголемата поморска битка по битката...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за петок (7 октомври)

ОВЕН Сите напори кои ги вложувате за да успеете во некоја работа ќе бидат успешни. Ќе бидете понапред од вашите...

Временска прогноза10 часа

Попоски официјално истакна какво време ќе имаме во месец октомври

Септември не беше на наша страна и имавме постудено време отколку што очекувавме. Топлото време ни доаѓа во месец октомври,...

Автомобили11 часа

Порше стана највреден произведувач на автомобили во Европа

Порше денеска ја турна матичната компанија Фолксваген од тронот и стана највредниот производител на автомобили во Европа. Новокотираните акции на...

Култура18 часа

Денес се одбележуваат 79 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 79 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

Кичево22 часа

DJ GOCE SAF @ Република 96250

Хип Хоп Сабота во Република 96250! Ви го претставуваме човекот кој е задолжен за најдобрите Хип Хоп забави на овие...

На денешен ден1 ден

6 октомври – На денешен ден

1014.- Почина императорот Самуило, кој во 976 година кренал востание против Рим (Византија) и ја основал Македонската империја. Неговата империја...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток [6 октомври]

ОВЕН Не се откажувајте или согласувајте се на површни решенија. Продолжете да барате сè додека не најдете одговори или методи...

Македонија1 ден

Серија поскапувања на Дизелот, вечерва со нова покачена цена за литар, додека бензините остануваат непроменети

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство...

Македонија1 ден

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против скопјанец, се сомничи дека употребил лажни пари при купување земјоделски производ

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“....

НАЈЧИТАНИ