Балкан Македонија Случувања

(ВИДЕО) Христијан го разигра жирито од „Ѕвездите на Гранд“ во четвртиот круг со својата изведба на нашата Македонска песна „Јовано Јованке“

Познатото српско шоу „Ѕвездите на Гранд“ руши рекорди кога станува збор за гледаност во регионот. Вие секоја сабота имате прилика да го гледате на Канал 5 телевизија, иако е неколку емисии наназад, сите премиери за нашите простори се во саботниот добро познат термин од 20:00ч

Во емисијата на 20.05 која одеше на Прва Српска телевизија нашиот Кичевчанец буквално ја разгори и обои во црвено-жолто сцената пеејќи ја една од најубавите Македонски изворски песни „Јовано Јованке“ како прва и 100% од Амадеус Бенд како втора композиција.

Огромната чест за нашето момче од Кичево исто така е посебниот момент кога Аца Лукас станува од своето столче и јавно му ја честита изведбата на традиционалната песна „Јовано Јованке“, додека Карлеуша постојано го снимаше моментот на изведбата..

Гласовите беа доволни за такмичење во бараж каде за жал нашиот изведувач не помина понатаму во 5-ти круг, но тука не е ништо изгубено напротив тоа е огромен мотив за поголема работа, труд и надградување на гласовните можности – за порта.мк додаде Христијан.

Кичево и Македонија се горди на своите пеачи, кои во целост го пресликуваат нашиот најубав мелост – добро познат на балканот и пошироко.

Целата емисија и коментарите од славното жири кое некогаш простува на ситници и изведба во свој единствен стил, некогаш не, можете да ја проследите тука..

Нашиот кандидат настапува на 2ч:46мин
Премиерата како што знаете за нашите простори е оваа Сабота на Канал5 во 20:00ч

Leave a Comment

Close