Легендарниот турски голман Рушту Речбер се бори за живот, а турските медиуми прстот во вперија кон неговата сопруга Исил која го заразила сопругот со корона вирус. Исил се вратила во Турција после патување во Соединетите Американски Држави, но ги прекршила прописите за задолжителен двонеделен карантин. Како што пренесува „Милиет“ таа место во карантин, веднаш отишла во својот козметички салон каде покрај сопругот заразила уште неколку лица.

Речбер е примен во болница пред два дена со симптоми на корона вирус, а состојбата нагло му се влошила. Некои медиуми соопштија дека екс-фудбалерот бил ставен и на респиратор.

„Шокирани сме колку бргу се развиваат симптомите на неговата болест“, изјавила Исис која испрати емотивна порака на социјалните мрежи упатена до својот сопруг.

„Вирусот не може да те победи. Не се грижи за мене, јас сум добро. Не ме интересира што ме линчуваат, важно е ти да оздравиш“, порача Исил која исто така изјави дека тестовите покажале дека таа и нејзините деца се негативни на корона вирус.

Речбер е апсолутен рекордер по број на настапи за Турција (124 натпревари) учествуваше на три Европски првенства и на едно Светско.