Без категорија
Баткава тврди дека на Месечината има 250 милиони жители (ВИДЕО)

„Кој што и да ви кажувал досега, сте чуле од медиуми или сте читале за Месечината, е лага“, тврди Џон Лир, лик кој е познат во круговите на теоретичарите на заговори поврзани најчесто со „вселенските прашања“. И во ова тврдење немаше да има ништо скандалозно, ниту шокантно, да не беше типов бивш пилот од ЦИА. Не дека е исклучена можноста за комерцијално внимание од негова страна, ама сепак, самата негова 40-годишна пилотска служба во американската разузнавачка агенција си има своја тежина.
Лир тврди дека поседува фотографии од градби и објекти на Месечината, кои ги открил самиот тој, каде во моментов живеат околу 250 милиони жители.
Лир тврди дека Земјаните ја посетиле Месечината во средината на минатиот век, со помош на антигравитациското летало на Тесла. Но, тврди дека не смее да го докаже тоа, бидејќи е сигурен дека ќе биде убиен поради тоа.
Без категорија
Microsoft ќе ја исклучи поддршката за Windows 10 20H2 во мај

За само неколку недели, на 10 мај 2022 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за корисниците кои не го ажурираат оперативниот систем Виндоус. Имено, тогаш поддршката за Windows 10, верзија 20H2, ќе престане.
Сепак, треба да се има предвид дека ова не е крај на поддршката за Windows 10 воопшто, бидејќи ќе трае до 2025 година. Со овој потег Microsoft сака само да ги „направи“ корисниците, доколку не сакаат да се надоградат на Windows 11, барем да имаат ажурирана верзија на оперативниот систем Windows 10. Компанијата објави дека по тој датум, на корисниците кои ќе повикаат поддршка за верзијата 20H2 ќе им биде наложено да ја надградат до најновата верзија, 21H2. Инаку, Microsoft од почетокот на оваа година агресивно ги тера корисниците да инсталираат нова верзија на ОС на нивните системи.
Што се однесува до крајот на поддршката, таа ќе се однесува на четири варијанти на Windows 10 20H2 OS, кои беа претставени во октомври 2020 година:
- Windows 10 Home, version 20H2
- Windows 10 Pro, version 20H2
- Windows 10 Pro Education, version 20H2
- Windows 10 Pro for Workstations, version 20H2
Извор: Betanews
Без категорија
Од сега споделувајте видеа директно од YouTube на SnapChat

Корисниците повеќе нема да мора да копираат или на друг начин да се обидуваат да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat.
Сега корисниците на Android и iOS можат директно да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat камера, било на Stories или на поединечни Snaps. Исто така, можно е да се применат креативни слоеви, како што е текстот, додека автоматизираните налепници на Snapchat ќе ги одведат гледачите директно до видеото, било во апликацијата YouTube или во веб-прелистувачот.
Сè што треба да направите е да кликнете на „сподели“ во апликацијата YouTube и да изберете Snapchat кога ќе се појави како опција. Snap истакнува дека ова е прв пат линковите на YouTube да можат визуелно да се споделуваат.
Новата опција ќе биде од посебно значење за оние кои сакаат да споделуваат пократки клипови, а за тоа на YouTube има Shorts кои се соодветни за апликацијата Snapchat.
Без категорија
Вечерва во „Куќа на Уметност“ концерт во живо на Ален Хасановиќ

Повторно на ваше барање во „Куќа на Уметноста“ доаѓа Ален Хасановиќ. Сите кои сеуште не го испланирале викендот и вечерта, слободни уште неколку места.
Резервации: 071/321-166
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп23 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура11 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза2 дена
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје1 ден
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Автомобили10 часа
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Занимливости2 дена
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“
-
Магазин11 часа
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7