Свет Случувања

Пронајдена укарадената статуа на Афродита стара 2000 години

Грчката полиција соопшти дека пронашла 2000 години стара статуа од античката божица на љубовта Афродита, која, со голем број антиквитети е укредена од складиште на Островот Санторини.

Момче кое како што се наведува се обидел да продаде 80 сантиметри висока мермерна статуа е уапсен во вторникот во Лутраки, на југот на земјата.

Двајца Грци се идентификувани како можни соучесници, јавува АП.

Оваа година ноќниот чувар и уште едно лице се уапсени поради кражба од складите на Санторини.

Од тогаш се пронајдени дваесеттина антиквитети, но не е познато колку вкупно се украдени.