Скопје
На познатиот Македонски зурла-мајстор Џејљо Дестановски му се украдени инструментите (ФОТО)

На познатиот Македонски зурлаџија и познат интерпретатор на Македонската музичка сцена почитуваниот наш пријател Џејљо Дестановски пред околу 2 часа му се украдени своите дувачки инструменти кои биле сместени во куферот.
Сите кои што би можеле да помогните или дојдете до било каква информација ве замолуваме да не контактирате на нашата фејсбук страница или на 076211880 бидејќи како што нашиот пријател се изјасни на својот фејсбук профил, сите инструменти, гајда, зурла и кавал како и самиот куфер се со неговото име.
Да помогнеме, ви благодариме!
Скопје
МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот.
Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР за јавноста.
Скопје
ЗНМ и ССНМ бараат објаснување од МВР и АЦВ за информативниот разговор на новинарите во врска со летањето дронови

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост поради повикувањето на информативен разговор на новинари, меѓу кои и претставници на меѓународни медиуми, по синоќешниот собир во Скопје.
Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси два часа откако протестот веќе започна. Дополнително, во соопштенијата на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, за градот Скопје воопшто не беше спомената ваква забрана. Ова отвора сериозни прашања за правната основа на постапката кон новинарите, целосното соопштение прочитајте го на официјалниот проглас на ЗНМ, ТУКА
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
-
Хроника18 часа
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Кичево14 часа
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Македонија1 ден
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија15 часа
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија
-
Македонија2 дена
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип
-
Скопје1 час
МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје
-
Македонија2 дена
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!