Следете не

Скопје

Универзитетската клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување на уринарен сфинктер

Објавено пред

на

ФОТО: Универзитетска клиника за урологија.

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега се спроведуваше само во странските и приватните медицински центри.

Интервенциите бea изведени од виш научен соработник д-р Огнен Ивановски. Првите две интервенции се изведоа под менторство на професор д-р Сергеи Владиславович Котов од Клиниката за урологија Пирогов во Москва, Русија.

Досега, изведени се вкупно 10 вакви интервенции, што ја вбројува Универзитетската клиника за урологија помеѓу ретките центри, кои се лиценцирани за изведување на овој тип нови процедури.

Во изминатава година, во однос на земјите од регионот, во Македонија се вградени најголем број уринарни сфинктери на пациенти кај кои е неопходна ваква интервенција. Операцијата на вградување сфинктер е целосно покриена од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија и претставува нова услуга во јавното здравство.

Неконтролираното истекување на урина од мочниот меур (уринарна инконтиненција) најчесто се јавува после оперативно вадење на простатата поради карцином. Неволното истекување на урината најчесто се јавува при стоење или одење, а се интензивира при активности како кревање терет, смеење, кашлање или кивање. Оваа состојба во голема мера го нарушува квалитетот на живот на пациентот и претставува сериозен социјален и хигиенски проблем.

– „Повеќе од 10 месеци посветени сме на оваа нова процедура. Горди сме што можеме да понудиме решение на проблем за кој претходно пациентите беа принудени да патуваат во странство. Вградувањето на вештачкиот уринарен сфинктер е златен стандард за решавање на уринарната инконтиненција, особено кај пациенти по операција на простата. Оваа интервенција значително ја подобрува контролата на урината кај пациентите, за кои ова е комплетно решение“, вели д-р Ивановски, виш научен соработник на Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

По стекнувањето на соодветна експертиза во странски центри, како што е работа на 3D испечатени модели на мала карлица во Турција, курсеви на кадавер, како и клинички стаж во Левен, Белгија, д-р Ивановски за првпат самостојно изведе операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер кај 10 македонски пациенти.

– „Со воведувањето на оваа процедура, Универзитетската клиника за урологија, не само што ја проширува понудата на здравствени услуги во јавниот сектор, туку и го подобрува животот на пациентите, кои досега немале можност за третман на уринарната инконтиненција во рамките на земјава“, изјави директорот на Универзитетската клиника за урологија, д-р Башким Шабани.

– Карциномот на простата е најчесто дијагностицирана малигна болест кај мажите над 50-годишна возраст.

Се проценува дека 1,4 милиони мажи годишно го добиваат овој карцином, а 375.000 од нив умираат како директна последица од болеста, се вели во соопштението од Универзитетската клиника за урологија.

/ПР

Скопје

Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

Објавено пред

на

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.

Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Објавено пред

на

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.

Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.

Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“

Објавено пред

на

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б. (71).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Скопје2 часа

Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче...

Македонија5 часа

Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит,...

Lifestyle8 часа

Лимонада со нане и краставица – природен пијалок за освежување и хидратација

Овој лесен и освежителен пијалок не само што го гаси жедта во топлите денови, туку истовремено го хидрира телото, има...

Lifestyle8 часа

Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки

Во текот на годината, во телото се акумулираат штетни материи и токсини, а летниот период е идеално време за лесна...

Магазин8 часа

Samsung ја завршува поддршката за Tizen паметните часовници – важи од септември 2025

Компанијата Samsung најави дека поддршката за нејзините паметни часовници со оперативен систем Tizen ќе заврши до крајот на септември 2025...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за четврток (19 јуни)

ОВЕН Ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви...

Скопје23 часа

МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна...

Lifestyle24 часа

Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!

Во Кичево после подолго време се отвора ноќен клуб каде несомнено ќе биде новиот „епицентар“ на младите, според планираната агенда...

Македонија1 ден

Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода

На 17.06.2025 во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје. Во...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (18 јуни)

ОВЕН Немојте да очајувате поради раскинувањето со партнерот, ве очекуваат многу возбдливи моменти и без него. Уживајте во овој ден,...

НАЈЧИТАНИ