Следете не

Македонија

Уште еден земјотрес со мал интензитет предмалку

Објавено пред

на

После земјотресот кој ја разбуди Македонија, предмалку регистриран нов со речиси идентична локација.

Со магнитуда од 3.6 степени и длабина 10км влегува во регистрацијата на нашето подрачје. Да се надеваме дека тука ќе завршат овие афтер-шокови и тлото ќе престане да се тресе!

Македонија

ЦУК: Армиската единица ја продолжува потрагата по возачот на возилото кое пред два дена излета во река Вардар кај Желино

Објавено пред

на

©ЦУК

Во моментов според последните добиени информации од терен екипи од ДЗС Тетово со тимовите за нуркање се повлекле со кординација со сите институци. Во овој момент на терен постапува екипа од АРМ со 55 војници со копнено пребарување, исто така 10 припадници на Армиската единица волци од кој 4 од тие се нуркачи.

Во моментот по потрага се 4 нуркачи од ЦАЕ, 4 од АРМ и доброволци.

Браната кај малата хидроцентрала во с.Радуша е испразнета целосно.

Извор/Фото: Центар за управување со кризи (facebook)

Прочитај повеќе...

Македонија

АМСМ: Важна информација за патниот правец Велес – Градско, како и Ново Лагово – Боротино

Објавено пред

на

Од 28.09.2022 ќе започнат градежни зафати (асфалтирање) на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино така што сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 09ч. до 16.00ч секој ден освен недела. Се препорачува на учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани.

Во однос на објектот ,,Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градскo”. Ве известуваме дека поради градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од утре (28.09.2022 год.) во наредните 9 месеци, согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

Извор: АМСМ

Прочитај повеќе...

Македонија

Низа нерегуларности во инспекциската контрола во Кичево и останатите градови

Објавено пред

на

Во четвртокот на 22.09.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

При контролата беа одземени повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) односно констатирано е непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во  Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени  7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беа констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден47 минути

2 октомври – На денешен ден

1187 – Арапскиот генерал и египетскиот султан Саладин го зазеле Ерусалим од христијаните, што во 1189 година ја предизвикало Третата...

Хороскоп3 часа

Дневен Хороскоп (2 октомври) – недела

ОВЕН Можно е сега да не ви одговара да се занимавате со работа во која се вклучени групи на луѓе,...

Мобилни уреди5 часа

Дали новиот iPhone 15 „Ultra“ може да го замени сегашниот бренд „Pro Max“ ?

Apple може да воведе нова шема за именување кога ќе го објави iPhone 15 следната година, заменувајќи го сегашното брендирање...

Кичево5 часа

ОВР Кичево: Поради „боево гаѓање“ во с.Осој времена забрана за движење во реонот према стрелиштето поради безбедност

Утре на 02.10.22 со цел безбедно изведување на боевото гаѓање на припадниците на МВР во рамките на нивните активности ќе...

Кичево9 часа

(ВИДЕО) Во Кичево стартува со работа иновативното Антибактериско чистење на вашиот клима уред. Нека вашиот дом биде здраво место за вас и вашите најмили!

Со секојдневна употреба на клима уредите во нивната внатрешност се таложи огромна количина на прав, алергени, микроорганизми од различна природа...

Скопје16 часа

128 сообраќајни прекршоци во Скопје за еден ден, 20 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Кичево18 часа

Страотна сообраќајка се случила утрово на кичевскиот бул.Ослободување

Страотна сообраќајка несреќа се случила после 5 часот утрово на кичевскиот бул.Ослободување. Имено според наши извори и извори од локалното...

Временска прогноза1 ден

Попоски препорачува претпазливост поради можна појава на невреме од обилен дожд, силен ветер и грмежи – ова се последните вести за времето

Со продорот на значително постуден воздух од север, кој ќе се судри со летната топла воздушна маса од југ над...

На денешен ден1 ден

1 октомври – На денешен ден

1684.- Починал францускиот писател Пјер Корнеј, поет со морална големина и патриотски и епски ентузијазам, еден од најзначајните претставници на...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (1 октомври)

ОВЕН Им делувате недоверливо на вашите соработници и барате нови информации со цел на време да ги разјасните вашите дилеми....

НАЈЧИТАНИ