Следете не

Временска прогноза

Утре попладне дожд и грмежи, УХМР со прогноза за времето до петок

Avatar

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од од 6 до 13 степени, а максималната од 18 до 26 степени.

Во Скопје, утре времето ќе биде умерено облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во вторник ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.

Потоа во четврток и во петок во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

Временска прогноза

Најава за студен бран кој од утре, особено од среда ќе донесе врнежи од дожд на секаде – Ова се деталите за временската прогноза..

Avatar

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност, додека во попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа утре и во среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Во овие два дена локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог, додека на планините снежната покривка ќе се зголемува.

Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува, додека во среда особено Долж Повардарието ветерот ќе биде од северен правец и повремено ќе биде засилен по интензитет. Температурите на воздухот во овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Од четврток повторно времето ќе биде стабилно, суво и потопло.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас

Avatar

Објавено пред

на

Поради продор на постудена воздушна маса од север низ земјава веќе започна да дува умерен, повремен засилен ветер од северен правец. Истиот најизразен е Долж Повардарието каде локално и повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Облачноста која ја имаме до крајот на денов и во текот на ноќта ќе се намалува па така поради разведрувањето, до утре изутрина минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени.

Утре ќе се задржи сончево време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека во Скопје истата ќе се искачи до околу 13 степени. Потоа во понеделник во текот на денот облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во вотрник ќе има повремен локален дожд, на планините повремен снег.

Барем одсега гледано ново заладување на времето проследено со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините се очекува во среда.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

До крајот на денот топло, од утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и температурите ќе се спуштаат, детали..

Avatar

Објавено пред

на

Денес времето кај нас ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, температурата на воздухот пак ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа утре во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемнува па за време на викендот ќе имаме променливо облачно време со услови за повремен локален слаб дожд, на планините ќе провејува слаб снег.

Во сабота, особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите, особено во недела кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Променливото време со повремен локален дожд ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

Извор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 3 часа

Од вечерва бензините поскапуваат, додека цената на дизелот останува непроменета

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната...

СпортПред 3 часа

Новиот претседател на Барса – Лапорта има план, Меси на продажба и нов тренер..

Новиот претседател на Барселона Лапорта по убедливата победа на изборите, започнува тешка борба, поради фактот што Каталонскиот гигант е во...

Временска прогнозаПред 3 часа

Најава за студен бран кој од утре, особено од среда ќе донесе врнежи од дожд на секаде – Ова се деталите за временската прогноза..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од...

МакедонијаПред 4 часа

По повод 8-ми март, ЛУКОИЛ бензинските станици денес доделуваат гратис кафе за понежниот пол

Реномираниот бренд во нафтената индустрија ЛУКОИЛ Македонија денес по повод меѓународниот ден на жената 8-ми март реши на своите модерни...

МакедонијаПред 5 часа

Комисијата предлага: Воведување полициски час од 22 до 5 часот во цела држава

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска предложи воведување на полициски час од 22...

ТехнологијаПред 15 часа

„Seagate“ откри комплетен план за производство на хард дискови од 50 и 100 терабајти

Откриен е комплетен план, еве што можете да очекувате во блиска и далечна иднина. Seagate планира да лансира хард диск...

LifestyleПред 15 часа

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Одберете порака и покажете го вашето внимание. Честит празник дами!

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата...

На денешен денПред 15 часа

На денешен ден – 8 март

1846 година – Во Белград е отворена првата читална во Србија, наречена Српска читална, подоцна читална во Белград. 1879 година...

ЗанимливостиПред 15 часа

Поради вродена заштита научниците открија кој не страда од опасната болест „рак“

Истражувачите проценуваат дека 11 до 25 проценти од светската популација умира од рак. Слична статистика е обично типична за животните....

ХороскопПред 17 часа

Дневен Хороскоп (8 март) понеделник

ОВЕН Бројни обврски се пред вас, но вие сте подготвени за нив. Амбициозни сте и многу сте посветени на работата....

НАЈЧИТАНИ