Македонија
Утринава 17 припадници на АРМ имале тешка сообраќајна несреќа

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања. Според првичните информации повредeните не се во живото загрозувачка состојба.
Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе. Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје
Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила пред седум часот. Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот.
Македонија
Центар за управување со кризи: Нема активни пожари во моментов

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот во кумановското село Добрача, кој бил предизвикан од удар на гром. Во пожарот изгореле околу 1000 бали сено и овес, а било интервенирано со едно возило и двајца пожарникари.
Со едно возило и тројца пожарникари од 9:00 до 10:00 часот било интервенирано во село Страхојадица, Општина Зелениково, каде била запалена ниска вегетација на површина од 1000 метри квадратни.
Интервенирано е во гасење на запалено ѓубриште и стари автомобилски гуми на локација кај поранешната депонија Вардариште во Општина Гази Баба. Во интервенцијата вчера, од 11:15 до 14:40 часот, учествувале едно возило и тројца пожарникари, информираат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:45 до 16:45 часот, било интервенирано во гасњење на запалена нискостеблеста вегетација во село Градманци, Општина Петровец.
Во периодот од 12:48 до 17:00 часот кај село Тројкрсти интервенирано е во гаснење на запален столб од мрежата на ЕВН и дрвените прагови од железничката пруга Прилеп-Битола. Известени биле Македонски железници со сугестија да извршат контрола на местото каде бил пожарот со цел да се утврди состојбата на железничката инфраструктура и безбедноста на сообраќајот. Во интервенцијата учествувале две возила возила и четворица пожарникари, посочуваат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:10 до 13:50 часот, интервенирано е во гасењето на запалена сува трева на ул. „ 8-ми Март“ во Охрид.
Изгасната е и запалена сува трева и стрништа покрај патот во село Теарце, вчера од 13:03 до 16:59 часот. Во интервенцијата учествувале едно возило и тројца пожарникари.
/ЦУК
Македонија
Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење

Во текот на изминатата вечер (12.08.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возач.
Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Македонија
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“

По завршувањето на испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево по индикација утврдена од специјалист инфектолог резултатот е негативен. Инаку Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници.
Додека пак што се однесува до состојбата, во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи ситуацијата со мајмунски сипаници во светски рамки.
Извор: МЗ
-
Кичево20 часа
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (12 август)
-
Хороскоп14 часа
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија16 часа
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Lifestyle13 часа
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Временска прогноза2 дена
Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август
-
Македонија2 дена
Вчера вкупно 37 мигранти од Пакистан пронајдени од полицијата, се преземаат соодветни мерки за расчистување на случаите
-
Спорт2 дена
Безбедност, заштита на интегритетот на натпреварувањата како и борба против местење фудбалски натпревари тема на денешниот семинар