Забава Занимливости

Ужас во Кина: Видео од забивањето на еден автомобил во пешаци пред основно школо

Црниот биланс од забивањето на еден автомобил во пешаци пред основно училиште на североистокот од Кина е пет загинати лица и уште неколку повредени.

Возачот на возилото се обидел да избега, но е приведен по несреќата во градот Хулудао во провинцијата Лиаонинг во четвртокот, објави државната радиотелевизија.

Снимките на безбедносните камери покажаа редица деца како ја минуваат улицата пред своето училиште, кога автомобилот се приближува, преминува лента и удира во групата.

Пет лица загинаа во несреќата, а 18 се однесени во болница, јавија локалните медиуми. Не е јасно колку од жртвите се деца.