Кичево Случувања

Valentino DeVasco ќе се претстави пред кичевската публика

Музичкиот артист Valentino DeVasco на 05.09.17 ни доаѓа во Кичево. Потекнува од Перу, номад, светски патник, човек чија главна инспирација е музиката како еден од најдобрите начини да се сподели убавината на живеењето. Интенцијата на Валентино е да ги инспирира слушателите преку љубов и музика, потикнувајќи позитивна промена, како индивиудална така и општествена.


Првично планиран да се одржи на Китино Кале, поради временските прилики, настапот на Valentino DeVasco ќе се одржи во Центарот за култура ,,Кочо Рацин”, во холот пред театарската сала. Настанот ќе започне од 21 часот. Билетите ќе изнесуваат 100 денари и ќе може да се набават на билетара пред почетокот на настанот.
Кичевчани ќе имаат можност во живо да уживаат во звуците на латино-американската музика и ритам.
Настанот е во организација на независен културен центар ,,Кита”.

Leave a Comment