Македонија
Вашиот нов „Vozi.com“ веб простор за огласи без граници, кој веднаш ќе ви се допадне!
Како ентузијасти и љубители на возила, ја препознавме потребата за платформа која ќе го олесни процесот и подобри квалитетот на огласување и продажба на возила.
Разговаравме со вас, ги сослушавме проблемите со кои се соочувате на постоечките платформи, ги прифативме вашите предолози и идеи, и воведовме стандарди кои недостасуваа воопшто на еден веб простор.
За себе велат дека целиот тим работеше неуморно последните 2 години со цел да го постигнеме бараното, и конечно vozi.com е отворенa за јавноста.
Платформата опфаќа некои клучни стандарди и функционалности:
– Задолжително внесување на цена
– Унифицирани наслови на огласи
– Пред-дефинирани информации за сите возила за лесно внесување
– Лесно пребарување спрема дефинираните информации за возилата
– Локатор на претпријатија од авто-мото индустријата
– Комуникација со продавачите преку директни пораки (chat)
– Автоматско отстранување на застарени огласи
– Повеќејазична поддршка
– Многу други алатки и функционалности
Но, ова е само почеток.
Имаме големи планови и дополнителни алатки и услуги кои се во фаза на изработка за кои редовно ќе бидете известувани.
Вашето мислење и вашите предолози се многу важни за понатамошниот раст на платформата.
Станете член на vozi.com и огласувајте без граници!
Официјалната фејсбук страница посетете ја ТУКА
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево3 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево1 ден
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза22 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт1 ден
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет1 ден
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“