Кичево
Вчера четири лица од Кичево не почитувале полициски час, додека седум нови лица се во самоизолација
Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.04. до 07.00 часот на 11.04.2020 годинa, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација.
Регистрирани се четири нови лица со решение за изолација и извршени се 24 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-12, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-10, Струга-42, Кичево-7, Дебар-10) и извршени се 287 контроли врз овие лица (Охрид-7, Струга-211, Кичево-3 и Дебар-66).
На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 503 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 301), кои се сместени во четири сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 42 контроли на угостителски објекти.
Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Во рамки на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби.
Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.
Извор: СВР Охрид
Стефан Димоски
Кичево
Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка
На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!
На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“, атар на истото село, настанал пожар на површина на отворен простор од околу 3 хектари ниско стеблеста дабова шума и грмушки.
Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Инаку, порта.мк како и секоја година, така и оваа апелира до неодговорните и несовесни граѓани дека пролетта но и летото е погоден период за движење и работа во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетацијана, да не се фрлаат цигари и отпушоци од цигари и догорчиња.
Исто така посебно внимание и во разни култури по нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа, да внимаваат на шумите како добро од општ интерес и така што работите во шума да ги работат совесно и со особено внимание.
Со таквото внимание ќе си помогнеме и самите себе си, додека граѓаните како главен фактор соодветно да известуваат за рано спречување на пожари со дојава до надлежните институции.
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Величествена прослава на Акатистот кон Мајката Божја Пресвета Богородица во Кичево
Во манастирот Св.Богородица – Пречиста во Кичево се одржа третиот великопосен Акатист кон Пресвета Богородица, настан што со своето присуство го збогатија високопочитуваните Митрополити: г. Кирил Имвроски и г. Дамаскин Дидимотиски. Овој настан е одраз на длабоката духовна поврзаност и почит кон Родителката на Светлоста и вечниот пример на верност и благодарност кон Бога, Мајката Божја.
Свеченоста започна со традиционален пречек кој што беше приреден за високо-почитуваните гости, кон кои голема благодарност и почит за нивното присуство, во своето обраќање изрази владиката Партениј. Тој го истакна значењето на заедништвото во верата и благодарноста кон Пресвета Богородица за нејзината безусловна љубов и заштита.
Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, и Митрополитот на Дидимотика, Орестијада и Сулфи, г. Дамаскин, истакнаа дека нивното присуство во манастирот Пречиста е израз на единството меѓу православните христијани. Тие исто така зборуваа за значењето на жртвата и верноста кон Бога, како и за важноста на благодарноста и молитвата во секојдневниот христијански живот.
Настанот беше исклучителен пример на духовното единство и силата на православната вера, придружен со благодатна радост и заеднички молитви за мир. Тој ја утврди длабоката почит кон Пресвета Богородица, како извор на надеж и вечна утеха, но и историската и духовна важност на манастирот Пречиста, како место на молитва, подвиг и заедничарење, нагласувајќи ја неговата улога во одржувањето и промовирањето на православните христијански вредности.
Исто така со особена чест, преку нашиот медиум ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во денес, 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј, додека утре недела Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во 09:00 часот.
Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.
Повеќе галерија погледнете на официјалниот линк ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 април)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за среда (17 април)
-
Спорт20 часа
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин8 часа
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Магазин7 часа
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Технологија1 ден
Незаменлив дел од нашите животи, 20 години „Gmail“
-
Автомобили1 ден
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција
-
Спорт23 часа
Може ли Барса да го преживее Париз? Ќе му одолее ли Атлетико на „жолтиот ѕид“ ?