Кичево
Вчера во Кичево пријавена била експлозија, при што настанал пожар, интервенирала ТППЕ, детали
Вчера на 11.02.2020 околу 19.06 часот во Полициската станица Кичево, В.С.(58)
од Кичево пријавила дека во помошната просторија во дворот од нејзината куќа на ул. „Елисие Попоски-Марко“ настанал пожар.
Според пријавеното, пред пожарот се слушнала и експлозија. Пожарот бил
локализиран во 20.00 часот од екипа на Територијалната противпожарна
единица Кичево, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.
Извор: МВР / СВР Охрид
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
Кичево
Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка
На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево12 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника14 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници