Следете не

Хроника

Вчера во месноста „Кошарани“ – Кичево бил пронајден починат човек без траги на насилство

Објавено пред

на

На 06.11.2019 околу 18.00 часот во полициската станица Кичево било пријавено дека во месноста  „Кошарани“ бил пронајден починат И.С.(63) од Кичево. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Извор: СВР Охрид

Хроника

Огнената стихија од тетовскиот Ковид-центар однесе најмалку 10 човечки животи, медицинските служби се на терен и ги спасуваат останатите загрозени

Објавено пред

на

Вечерва во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар според официјалните информации има десет жртви, а оваа бројка како што велат може и да порасне.

Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, така што пожарот бил ставен под контрола во најкус можен рок, додека во овој момент од информации на терен во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот.

Институтот за судска медицина во Скопје се подготвува за обдукција на лицата што ќе им бидат донесени од модуларната болница од Тетово, како што појаснуваат за медиумите – ќе се работи за специфичен третман, пред се заради тоа што се работи за позитивни лица, а кои што починале во пожарот.

Упатуваме сочувство до најблиските од починатите и брзо закрепнување на повредените, ова е дефинитивно една црна дамка и трагедија од невидени размери!

 

Прочитај повеќе...

Хроника

Уште еден музичар не успеа да ја изоди најважната битка, почивај во мир Гоце!

Објавено пред

на

Денес не напушти уште еден член од музичкото и инструментално семејство, Гоце Талевски, еден од основачите на групата “Оскар” од Битола

Не успеа да ја преброди најважната животна битка со Коронавирусот.

Порта.мк изразува длабоко сочувство до семејството на Гоце Талевски и колегите од групата Оскар од Битола, воедно благодарност за сите кои активно беа вклучени во донациите за негово побрзо оздравување кое за жал заврши фатално.

Почивај во мир Гоце!

Прочитај повеќе...

Хроника

(ФОТО) Во сообраќајка загина еден од најталентираните италијански фудбалери, член на Лацио – Даниел Гуерини

Објавено пред

на

Лацио ја објави трагичната смрт на нивниот играч од средниот ред Даниел Гуерини на 19-годишна возраст, откако тој учествуваше во сообраќајна несреќа во Рим.

Известено е дека несреќата се случила во средата околу 20 часот по локално време со уште двајца други кои учествувале во несреќата и се сметало дека се наоѓа во критична состојба.

Гуерини ја започна својата кариера во младинскиот систем на Лацио пред да се приклучи на Торино на слободен трансфер во 2016 година. Потоа отиде помеѓу младинските сетари во Торино и Фиорентина пред да ги помине првите неколку месеци од минатата година на позајмица во СПАЛ.

Уништено возилото во кое загина фудбалерот Даниел Гуерини

Тој се приклучи на Лацио во јануари, потпишувајќи тригодишен договор со клубот, а исто така ја претставуваше Италија на ниво под 15 и под 16 години

ФОТО: tuttoatalanta

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 14 минути

На денешен ден (27 септември)

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, еден од најмоќните европски монарси. За време на неговото владеење (1610-43), тој воведе...

ХороскопПред 7 часа

Хороскоп за денес (27 септември) понеделник

ОВЕН Бидете внимателни ако планирате да ги правите работите поинаку или едноставно денес одлучите да промените нешто во вашиот секојдневен...

КичевоПред 8 часа

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници...

КултураПред 9 часа

Утре е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

На денешен денПред 10 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучи мир со големиот српски префект Стефан Немања, кој двапати се обиде да го преземе градот (1184...

АвтомобилиПред 11 часа

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани уживаа во денешниот „Track Days“ во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје

Денешниот ден го заокружуваме со автомобилизмот, имено како што најавивме во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје по...

СпортПред 13 часа

(ГАЛЕРИЈА) ФК Напредок се враќа во ритам по убедливата победа од 3:0 против ФК Слатино во денешниот пријателски меч

Нашиот кичевски фудбалски клуб кој се натпреварува во третата македонска фудбалска лига, денес одигра пријателска утакмица со екипата на ФК...

Временска прогнозаПред 1 ден

Метео анализа: Денес и утре стабилно, од вторник голема промена на времето, дожд, грмежи и засилен ветер

Во останатиот дел од викендов, како и во понеделник времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (26 септември) недела

ОВЕН Отворено соочување со луѓе над вашиот статус може дополнително да ги комплицира веќе затегнатите односи што не можете да...

СпортПред 1 ден

Ф1: Норис со пол позиција на утрешната трка за големата награда на Русија, додека Верстапен последен поради казна

Норис стигна до првата стартна позиција во последното коло од возбудливи квалификации. Три минути пред крајот на Q3 делот од...

НАЈЧИТАНИ