Следете не

Култура

НАЈГОЛЕМИОТ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Денес е Воскресение Христово (Велигден)

Објавено пред

на

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник.

Страдалната седмица заврши со новиот ден денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време.

Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.

И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар или економист и кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение.

Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: „Христос воскресна од мртвите,/ со смртта, смртта ја победи,/ и на оние што се во гробовите/ живот им дарува“.
Со право повеќемина истражувачи истакнуваат дека ако не постоеше Христово воскресение тоа требаше да се измисли, зашто ако Христос не ја победеше смртта тогаш човековиот живот ќе немаше смисла, ќе беше само едно долго умирање од раѓањето до смртта, но и на човекот во тој период ќе му беше сè дозволено, ќе царуваа неморалот и другите негативни демони.
Всушност, Исус Христос и се јавил во едно такво пресудно време кога зацарувале неморалот и расипништвото и кога човештвото се нашло на беспаќе.

Јавувајќи се со своето учење Исус објавил дека е „Пат, вистина и живот“. Но наместо да биде прифатен и величан од страна на тој, од Бога избран еврејски народ, тој ист народ за него побарал распнување како за најголемите разбојници. Зошто Исус не бил разбран и не бил прифатен? Еврејскиот народ кој со помош на Бога се ослободил од египетското ропство, западнал под друго ропство ‒ римското. Тој народ очекувал водач силен и агресивен кој ќе го поведе во борба за слобода. Исусовото учење имало друг карактер, тој проповедал друг пат до слободата и вечниот живот.

Нашиот народ со подолги подготовки и со посебна возбуда го пречекува овој празник. Сепак, со Велигден се поврзани помалку обичаи отколку, да речеме, со Божик или со Ѓурѓовден. Истражувачите на овие обичаи сметаат дека причина за тоа е фактот што Велигден не е поврзан со одреден датум како што е тоа случај со споменатите и некои други празници, туку секоја година го менува датумот. На овој празник му претходат долгите Велигденски или Велики пости коишто траат цели седум недели не сметајќи ги Сиропусната недела која е една недела пред Прочка и Месопусната недела една недела пред неа. Востановен уште во апостолски времиња, за да биде оформен во денешната форма до IV век, постот има цел христијаните да се подготват за достојно прославување на празникот. Во текот на овие Велигденски пости преку самоконтрола, преку разни самоодречувања, откажување од телесни задоволства, од обилна и пред сè мрсна храна, преку контролирање на страстите, откажување од веселби, песни и сл. човекот во страдањата се доближува до својот Спасител, за со примањето на чесната причесна на самиот ден Велигден рано наутро да се идентификува со него, јадејќи ја нафората што го претставува Христовото тело и пиејќи го виното што ја претставува неговата крв.

Кај нашиот народ постојат повеќе пословици и поговорки во кои се споменува Велигден. Така на пр. се вели: „Секој ден не е Велигден“, или: „Катаден Велигден не бидуват“, „Ден за ден дојде и Велигден“ или: „Велигден голем ден“, „На Велигден на благ ден“ итн., со што се укажува не само на фактот дека Велигден се чека со посебна возбуда, туку и на значењето на овој празник.

Култура

Денеска е празник, св. Атанасиј, борецот за вистинското православие

Објавено пред

на

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј.

Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија.

Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во заштита на православието против аријанството и против несторијанството.

Вечно име и за многу години да е утрешниот ден и празник, кој во некои наши места со софра и музика.

Прочитај повеќе...

Култура

Доаѓа празникот св.Атанасиј – познат како „Танасовден“ зимен, се верува дека од овој празник сѐ е полесно

Објавено пред

на

На 31 јануари доаѓа Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие. Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се „Женски Водици“, именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Објавено пред

на

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.

Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.

Доколку не би била пандемијата од Ковид-19 секако, овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.

„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !

Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.

На овој ден исто така именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана…

За многу години!

Бог се јави!
Навистина се јави!

Бонус видео, Водици 2023 – Кичево:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили1 час

Покачена добивка за Фолксваген во изминатата 2022 година

Германскиот производител на автомобили Фолксваген успеа да го зголеми оперативниот профит во 2022 година и покрај војната во Украина и...

Видео9 часа

Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит

Корисничка на TikTok им покажа на следбениците како си игра со својот син и кучето давајќи им команди да го...

Свет9 часа

(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија

Ужасно видео на сириско момче кое се сними под урнатини од катастрофалниот земјотрес стана вирално на социјалните мрежи. Во него...

На денешен ден17 часа

8 февруари – На денешен ден

1560.- Турските галии ја пуштиле во бегство шпанската флота под команда на војводата Медина во битката во Средоземното Море во...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за среда (8 февруари)

ОВЕН Започнете го денот со утринска гимнастика. Станете малку порано, вежбајте, но не го заборавајте и појадокот. Така ќе имате...

Свет1 ден

Бројот на жртви не запира, денеска надмина 6,200 луѓе, додека спасувачите и покрај лошите временски услови се обидуваат да извадат живи луѓе..

Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија денеска надмина 6.200 луѓе и се очекува тој да продолжи да...

Магазин1 ден

Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?

Се чини дека Мета подготвува опција да им понуди на корисниците можност да платат за верификација на сметката на Instagram...

Свет1 ден

SpaceX ќе се обиде да го лансира Starship во март

Компанијата за прв пат ја поднесе документацијата за летот на Starship во 2021 година. SpaceX треба да добие одобрение од...

Магазин1 ден

Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици

До 31 декември 2022 година, Sony продаде вкупно 32,1 милиони конзоли за PlayStation 5. Само во последниот квартал од минатата...

Хроника2 дена

ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..

Тажна вест вечерва ја окупира и Македонија, на својата 61-ва година замина првата хармоника, големиот музички виртуоз Милан Завков. Започнал...

НАЈЧИТАНИ